интеракција, комуникација, дискусии, прашања и вмрежување!
Ваш компас на патот кон успехот!
Конто Профит е Ваш единствен деловен партнер на кој може да се потпрете во една бурна и променлива средина!
Конто Профит постои за да им овозможи на своите клиенти да се фокусираат на она што најдобро го прават, додека сметководството, даночните пресметки и финансиската анализа можете да ни ги оставите нам!
Фокусирајте се на Вашите главни компетенции, посветете се на растот и развојот на Вашиот бизнис и профитот Ви е загарантиран. Дозволете ние да Ве посоветуваме и да се погрижиме за сите придружни административни работи. Дозволете ние да бидеме Ваш компас на патот кон успехот!
Што можеме да направиме за Вас?
За правни лица
- Финансиско сметководство
- Пресметки на плати
- Даночен консалтинг и даночни извештаи
- Финансиски извештаи, креирање на буџети, анализи и планови
- Основање на трговски друштва и НПО (здруженија) - постапка за упис во ЦРМ
- Деловен консалтинг, совети при имплементација на системи за деловно работење (ERP / EDI), дефинирање на автоматики и постапки
- Даночен застапникНОВО
- Оперативни-правни работи врзани со ЦРМ, УЈП, ФЗОМ, АВРМ, ДПИ (пријави-одјави во/од редовен работен однос, промени на податоци во ЦРМ, пријава за почеток со дејност и сл.)
- Судски вештачења на финансиска документација (сметководствени, материјално и финансиско работење)
- Бизнис планови за постоечки и нови бизниси
- Обуки за Вашите вработени: даноци, сметководство, финансии, КПУ, специјализирани in-house обуки
За физички лица
- Заинтересирани сте за отворање на нова фирма? Со нас добивате целосен пакет на деловни и даночни совети неопходни при основање на нов деловен субјект преку регистрационен агент
- Вие сте сопственик на фирма кој сака поголема контрола врз сопствениот бизнис? Обуката за даночната легислатива на Македонија и основи на сметководство е одлично место за почеток
- Обуката за практично сметководство е наменета и за сите оние кои планираат кариера во деловната администрација, сметководството и финансиите
- За оние кои сакаат подлабоки познавања од областа на сметководството: обуки за напредно сметководство
- Сакате кариера во областа на кредитна анализа, берзанското работење или ревизијата - тогаш неопходни Ви се знаења од областа на финансиската контрола и анализа на финансиските извешта. Ние нудиме обука за финансиска анализа со помош на Excel алатки!
- Осигурајте се дека парите работат за Вас! Ние сме Ваш личен финансиски советник и портфолио менаџер
За што можеме да Ве обучиме?
Практично сметководство
Од основање на ДОО, преку даночната регулатива, евиденција на секојдневни настани на база на реална документација (ф-ри, договори, изводи, увозни царински декларации, плата, фискални с-ки и сл.), па до финалните книжења и подготовката на годишната сметка (биланс на состојба и биланс на успех).
Напредно сметководство
Покомплексни сметководствени настани и нивен даночен третман: капитални добивки и загуби, финансиски одобренија и задолженија, расходување, ревалориација, обезвреднување на основни средства, евиденција на растур, кало, крш и расипување и кусоци, производство (планска цена), градежништво, член 32-а од ЗДДВ итн.
Финансиска контрола и анализа на финансиски извештаи
Сметководството е азбуката на финансиското работење. Тоа е нервниот систем на секој деловен ентитет. Отидете чекор понапред и нурнете подлабоко во анализирањето на финансиските извештаи кои се генерираат во сметководството. Научете како да донесете вистински одлуки преку анализа на бруто биланси и заклучни листови со помош на MS Excel.
Зошто да не одберете нас?
Најдобриот тим
Млади а искусни, енергични и ефикасни! Нашиот тим се состои од четири магистри по економски науки, тројца дипломирани економисти, еден правник, како и бројни надворешни соработници - адвокати, ревизори, проценители, брокери и други!
Долга традиција
Постоиме веќе 25 години! Етаблирани на пазарот, познати по професионалноста, релијабилноста, ажурноста и професионалноста! Семејниот бизнис на г-ин Ангелко Грозданов продолжен од г-ин Благоја Грозданов.
Се на едно место
Основање на трговски друштва и здруженија, промени на податоци во ЦРМ, сметководство, пресметки на плати, даночни извештаи, финансиски консалтинг, оперативни правни услуги, вештачења, КПУ, обуки !