Почетна » За нас

Порака од основачот

Ангелко Грозданов

Основач

Ангелко Грозданов е основач на Конто Профит, долгогодишен генерален менаџер и главен консултант. Г-дин Грозданов беше еден од столбовите на сметководствената професија во Македонија, еден од основоположниците на Комората на Сметководители на Македонија и голем борец за развојот на професијата. Г-дин Грозданов почина на 25.8.2021, но она што тој го има изградено, неговиот лик и дело продолжуваат да живеат.

“Навистина најмалку од се би сакал кога некој би не поистоветувал со обична сметководствена фирма или трендовски центар во кои некој, мислејќи дека добива економско-правна логистика за својот бизнис или се обучува, само би си трошел дел од своето скапоцено време. КОНТО ПРОФИТ е многу повеќе од тоа! Јас сум навистина пресреќен со мојот тим и моја најголема желби е колку што е можно повеќе луѓе да профитират од тоа што ние го можеме„.

Најдоброто и најубавото нешто, од започнувањето на работа со сопствена компанија е тоа што Вие почнувате самостојно да ја материјализирате визијата на бизнисот за кој сте сонувале, донесувате конечни одлуки и самостојно да судите, што е тоа што е битно за секој Ваш деловен потфат, и воопшто за целиот Ваш бизнис. Вашата материјална и духовна благосостојба се речиси комплетно во Ваши раце. Освен оваа лична сатисфакција, со сопствениот бизнис, Вие сте на добар пат, покрај Вашето, да усреќите и семејства чии членови ќе работат со Вас и ќе ја делат Вашата посветеност кон работата и поставените цели.

За да ја постигнете целта во бизнисот уште во почетокот морате да сте свесни дека, како прво: "за мене сите клиенти ќе имаат еднаков третман и мора да добијат врвна услуга", второ: "кон решавање на неизбежните тековни проблеми ќе пристапувам анлитички, самокритично и со креативен приод", и трето: "на моите соработници постојано ќе им ја јакнам самодовербата потребна да тие да сфатат дека на клиентот можат да му дадат квалитетна услуга".

Мисија, Визија, Вредности

Мисија

Ваш единствен партнер и комплетен деловен сервис во една бурна и променлива средина: Конто Профит постои за да им овозможи на сите клиенти да се фокусираат на она што најдобро го прават! Концентрирајте се на Вашите главни комптенеции, растот, развојот и оставрувањето на профит и дозволете ние да Ве посоветуваме и да се погрижиме за сите придружни сметководствено-финансиски и даночни аспекти од вашето работење. Ние Ви нудиме комплетен пакет бизнис услуги кој ги покрива сите потреби на една организација од областа на економско-правниот и финансискиот консалтинг, сметководството, давање на даночни совети, совети врзани со работните односи, застапување пред органите за контрола на УЈП како и мноштво други активности кои Вам би ви одземале скапоцено време и ресурси. За сè она што не нудиме директно како услуга, ние сме многу добро поврзани во мрежа на професионалци и експерти во нивните области на работа: адвокати, проценители, ревизори, експерти во областите на трудовото и трговско право итн.

Визија

Да достигнеме највисоко и професионално ниво на услуги на Балканот и да станеме водечка куќа за сметководствени и консалтинг услуги и обуки на стручни кадри од областа на даночното, сметководственото и финансиското работење во Македонија која ќе ја има полната доверба не само од деловните клиенти од земјава туку и од странските инвеститори.

Вредности

Нашата компанија беше основана како семеен бизнис и за помалку од три децении еволуиравме во една од најпрепознатливите фирми во овој бизнис сектор во Македонија. Фундаменталните вредности на кои почна да се гради овој бизнис беа искреност, добри односи со клиентите и доверливост. Овие вредности сè вградени во темелот на кој до денес го градиме нашиот успех. Но имајќи поголем тим и многу повеќе клиенти во денешно време, денес ја нагласуваме и важноста на тимската работа, постојаниот професионален и личен развој и раст на сите во нашиот тим, иновативноста, интегритетот и способноста за јасна комуникација.

Нашиот тим

М-р Благоја Грозданов

Оперативен директор, моб.: 070 22 11 65

предавач: практично и напредно сметководство, анализа на ФИ, КПУ

главен консултант

овластен сметководител

овластен судски вештак (материјално, сметководствено и финансиско работење)

[email protected]

Валентина Јанковска

Консултант: сметководство и даноци, моб.: 071 288 855

овластен сметководител

даночен консултант

предавач на КПУ

[email protected]

Трајанка Ристеска

Консултант: плати и надоместоци, моб.: 072 210 645

овластен сметководител

консултант за даночни пресметки при исплати на надоместоци на вработените

калкулации на плати

[email protected]

Емилија Арсова Грозданова

Овластен сметководител, моб.: 072 210 644

овластен сметководител

даночни пресметки и извештаи

финансиски анализи, планови и извештаи

калкулации на плати

[email protected]

М-р Ивана Илиќ

Овластен сметководител и вештак, моб.: 071 246 344

овластен сметководител

даночни пресметки и извештаи

калкулации на плати

овластен судски вештак (материјално, сметководствено и финансиско работење)

[email protected]

Елена Дончевска Атанасовска

Правни работи, регистрационен агент, моб.: 071 288 844

овластен регистрационен агент

оперативни услуги: пријави и одјави на лица во редовен работен однос, посебни постапки, потврди и сл.

правни акти

сметководител

[email protected]

Мрежа надворешни соработници
ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ СЕ И БРОЈНИ НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ, ВРВНИ ЕКСПЕРТИ ВО НИВНИТЕ ДЕЈНОСТИ

Проф. д-р Лазар Јовевски

Професор по трудово право на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Еден од врните авторитети во областа на трудовото право во Македонија

FB страницата на Професорот Јовевски

М-р Бојана С. Велковски

Овластен ревизор, ревизорска куќа Ревизија Стојчевски



експерт за примена на МСС, МСФИ и МРС

revizijastojchevski.com

М-р Ведран Лаличиќ

Адвокат, адвокатска канцеларија Лаличиќ и Бошкоски



експерт по деловно право

LBLaw.com.mk

Д-р Ивица Симоновски

Експерт за финансиски истраги, ко-сопственик на Cyber Security, Corporate Security and Crisis Management Initiative (C3I)

предавач на АБИТ

инструктор на Институтот на Одбрана на Меѓународни Правни Студии, САД

c3initiative.com

М-р Мартин Бошкоски

Адвокат, адвокатска канцеларија Лаличиќ и Бошкоски



експерт во областа на даночно право и облигациони односи

LBLaw.com.mk

М-р Драгана Челева

Вештак и деловен консултант

деловен консултант

бизнис и инвестициски планови

проектни планови

овластен судски вештак (материјално, сметководствено и финансиско работење)

М-р Жарко Младеноски

Овластен проценител, сопственик на проценителска куќа МЕДИУС ТЕРРА ДООЕЛ

REV меѓународен сертификат за процена

проценител од областа на невижен имот, транспортни средства и земјоделство

Историја

Како започнавме?

Друштво за сметководствени, консалтинг услуги, обука на кадри и вештачења, КОНТО ПРОФИТ ДОО Скопје, е основано уште 1992 година, што значи дека постои и работи повеќе од 25 години. Тоа е основано со 100% приватен капитал од страна на основачите - содружници и брачни другари Марија Стрезова Грозданова и Ангелко Грозданов.

Претежна дејност за која во Државниот завод за статистика на Р. Македонија, е регистрирано друштвото, е образование на стручни кадри за деловните субјекти (школа за обука на кадри за практично водење финансиско и материјално сметководство со елементарно познавање на трговското и трудовото право, деловни секретари и странски јазици, медиумски репортери и говорништво).

Да се знае!

Почетоците од делувањето на основачите, се неколку години пред формално правното регистрирање на деловниот субјект под име КОНТО ПРОФИТ доо Скопје, поточно од 1992 година, кога активностите се одвиваа во друштвото ГЕМБАН чија генеза на развој продолжи да ја надградува КОНТО ПРОФИТ доо Скопје.

Првичните активности започнува со извршување на работи од областа на трговското и трудовото право, преку давање сметководствени услуги со консалтинг-совети за трговските друштва, за конечно како шлаг-надградба на овие дејности, да се отпочне со пренесување на нашите низ пракса стекнати и проверени знаења и искуства на сите заинтересирани од разни професионални профили.

Така се дојде до одлука, сите претходни искуства стекнати во давање економско правни и даночни совети како и сметководствени услуги, како во стручните служби на некогашните стопански гиганти така и во новооснованите приватни претпријатија, односно трговски друштва, да се пренесуваат на нови луѓе, како потенцијални кадри за потребите на стопанството во земјата. Ова беше причина поради која дојде до основање на друштво за обука на кадри за деловни и консалтинг услуги, КОНТО ПРОФИТ ДОО Скопје, во кое покрај обуката на сметководители се даваат консалтинг и сметководствени услуги на 80-тина трговски друштва од разни дејности.

Комора на Сметководители

Конто Профит ДОО беше двигател на процесот на креирање на Комората на Сметководители на Република Македонија при Сојузот на Стопански Комори (ССК). Ние уште од самите почетоци бевме дел од основачите на оваа комора и се јавуваме како иницијатори и катализатори на неколку барања и иницијативи за конечно регулирање и институционализирање на сметководствената дејност.

Сметаме дека сметководството е дејност која има доволно квалитетен човечки потенцијал да го постигне нивото на саморегулација кое колегите од областа на ревизијата веќе го имаат постигнато и активно продолжуваме да работиме на ова поле.

Награди и признанија

  • Конто Профит е добитник на наградата Македонски Квалитет 2017, што ја доделува ССК, под покровителство на претседателот на Република Македонија.

  • Конто Профит е добитник на наградата која ја доделува реномираното англиско списание Acquisition International за најдобра македонска фирма од областа на финансиското известување и даночниот консалтинг во 2021.
  • Портфолио на клиенти

    Ја имаме довербата на над 120 домашни и странски клиенти

    Нашите клиенти доаѓаат од различни деловни сектори: ИТ индустрија, производство, градежништво, трговија на големо и мало, различни видови услуги: угостителски, деловни, медицински, занаетчиски итн. Ние исто така работиме со непрофитни организации.

    Ние секогаш се обидуваме да бидеме доволно флексибилни за да ги слушаме потребите на нашите клиенти и соодветно да ги прилагодуваме нашите услуги на нивните специфични потреби и при тоа да обезбедиме канал за јасна и експедитивна деловна комуникација.

    Дополнително, стотина колеги - професионални сметководители, претприемачи и останати вршители на интелектуални дејности се потпираат на нашите релијабилни и навремени советодавни и консалтинг услуги.