Почетна » Услуги » Пресметки на плати и надоместоци за вработените

Пресметки на плати и надоместоци за вработените

Потребни Ви се пресметки на плата и останати надоместоци на вработените? Се што треба да знаете се одредбите од Законот за работни односи, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и останатите колективни договори, Законот за минимална плата, Законот за данок на личен доход и Законот за данок на добивка.

Или, едноставно да не контактирате нас за да ја завршиме работата а Вас, а Вие да продолжите да се фокусирате на Вашиот бизнис и Вашата организација!

Од нас ќе добиете комплетна, прецизна и навремена пресметка проследена до УЈП и пратена до Вас! Пресметката на платата и декларацијата за плата со пресметка на задолжителните социјални придонеси мора да бидат предадени до УЈП најдоцна до 10-тиот ден наредниот месец до месецот за кој се пресметува плата! Не плаќајте казни и камати заради неажурност!

Пресметковниот лист кој ќе го предадете на Вашите вработени мора да содржи податоци за основната плата, додатоците на плата (прекувремени, ноќни часови, сменска работа, работа на празник, работа на ден на неделен одмор, минат труд и сл.), бонусите за работна успешност, дедукциите, задршките од платата и сл.

Освен пресметка на плата, од нас ќе добиете и комплетна услуга за пресметка на останати надоместоци и награди кои им следуваат на вработените: регрес за годишен одмор, надомест за службени патувања во земјата и странство, користење на сопствен автомобил за службени цели, јубилејни награди, отпремнини, испратнини и сл. и совет за нивниот даночен третман од аспект на данокот на добивка (признат или непризнат трошок за исплатувачот) и од аспект на данокот на личен доход (дали и во колкав износ исплатите подлежат на оданочување со данок на личен доход).

Освен тоа Ви нудиме и оперативни услуги од областа на трудовото право а поврзани со АВРМ како на пример пријава и одјава на лица во редовен работен однос врз основа на приложен договор за вработување, како и пресметки и процесирање на пресметки во системот на Е-ПДД на УЈП по основ на исплати на доход од договори на дело, авторски договори и останати исплати на физички лица кои подлежат на оданочување со данок на личен доход.

Ценовни на дополнителни услуги ќе најдете на овој линк, додека калкулатори за пресметки на плати и останати надоместоци може да најдете тука.