Почетна » Обуки » Напредно сметководство

Напредно сметководство

За сите оние кои сакаат да нурнат подлабоко во водите на сметководството! 

  • Предавач: Благоја Грозданов, магистар од областа на сметководството и ревизијата.
  • Обуката вклучува и прирачник од 200+ страници со голем број на реални примери.

Цели на обуката

По завршување на обуката треба да знаете да ги третирате следниве настани од сметководсрвен и даночен аспект:

  • Продажба на основни средства (со искажување на капитална загуба или капитална добивка);
  • Расходување на основни средства и даночен третман на расходувањето;
  • Обезвреднување на основни средства и даночен третман на обезвреднувањето;
  • Ревалоризација на основни средства и даночен третман на ревалоризацијата;
  • Евиденција на залиха кај ТД кои се бават со трговија на мало и големо, евиденција кај „виртуелни“ продавници;
  • Евиденција на залиха под набавна вредност, по нето реализацина вредност;
  • Евиденција кај комисиони договори;
  • Алокација на производствени трошоци во поединечни артикли готов производ;
  • Евиденција на производство по планска цена и утврдување на резултатот од работењето кај производствени фирми;
  • Евиденција на растур, кало, крш и расипување наспроти класични кусоци утврдени по попис и даночен третман на овие настани;
  • Постоење на услови за промена на даночна основа за ДДВ: финансиско одобрение и одобрение;
  • Отпис на побарувања наспроти исправка на вредност на побарувања: нормативни, сметководствени и даночни импликации;
  • Утврдување на резултат од работењето и даночна основа за данок на добивка: покомплицирани пресметки (реинвестирана добивка, платени аконтации, непризнати расходи, наплатени а претходно оданочени побарувања, донации во спортот (ваучери и донации во организации од јавен интерес);
  • Исплати на дивиденди: нормативни и даночни аспекти и сметководствена евиденција;
  • Евиденција на настани кај градежни компании;
  • Евиденција по член 32-а од ЗДДВ и даночно известување поврзано со овој член;
  • Евиденција на приходи кај повеќегодишни договори за изградба;
  • Третман на настани врзани со член 14 од ЗДДВ;
  • Префактурирање на трошоци кај оперативен лизинг (наем);
  • Евиденција кај финансиски лизинг;
  • Физички лица во системот на ДДВ;
  • Евиденција на разни настани кај непрофитни организации (набавка на опрема, земен и вратен заем, евиденција на амортизација, евиденција на трошочни ф-ри и сл.) и други ситуации.

Цена на обуката

7.500 денари за работа во групи или 9.500 денари за индивидуални часови (до двајца слушатели).