Почетна » Обуки » Кариера и препораки од наши ученици

Можност со кариерен развој со нашите обуки

На наше големо задоволство од септември 2018 Конто Профит и vrabotuvanje.com.mk со формална соработка!
Актуелни можности за вработување во рамките на секторот сметководство и финансии сите заинтересирани слушатели на нашите обуки ќе може да најдат на нашата facebook страница www.facebook.com/kontoprofit.

Што кажаа за нас?

М-р Александра Керметчиева – банкар:

„Обуките на Конто Профит се одлична можност за лична надоградба и проширување на стекнатите знаења бидејќи истите се организирани од професионалец кој несебично го пренесува своето знаење и долгогодишно практично искуство. Незаменливиот пакет од теорија и пракса, искомбиниран со мноштво вежби, примери и алатки сè од исклучителна вредност за секој учесник на обуките. Пријатната атмосфера за време на часовите, флесибилноста за присуство на истите и достапноста на предавачот за консултации ја заслужуваат секоја пофалба.

Искрено ги препорачувам овие обуки за секој кој сака да инвестира во сопствената кариера и да биде чекор понапред во остварување на своите цели.

“To be the best, learn from the best” – Darren LaCroix“

М-р Мирјана Бајрактарова, генерален менаџер на Еко Хермана, Гевгелија:

„КОНТО ПРОФИТ? Тоа е место каде што ќе добиете не само занает туку и пријатели за цел живот.

Обуки каде што ќе се заљубите во сметководството. Обуките во КОНТО ПРОФИТ никогаш не престануват, затоа што вработените секогаш, дури и при најмала недоумица се тука да ви помогнат.

Мене лично обуката во КОНТО ПРОФИТ ми користии најмногу од цело мое образование.

А професорот Благоја е бесценет. Искрено ги препорачувам на сите кои сакат да научат сметководство.“

М-р Вероника Гравчева, овластен сметководител:

Во периодот кога не бев сигурна дали да продолжам со работа од областа на сметководството му се обратив на м-р Благоја Грозданов кој со неговиот пакет од 3 обуки ме усоврши да можам да менаџирам повеќе компании. Дополнително, научив и како знаењето што го стекнав од него да го пренесувам на други. Во оваа долгогодишна соработка можам да кажам само едно големо благодарам за М-р Благоја Грозданов, вистински професионалец со широк опсег на знаење од секоја област.

М-р Марјан Путовиќ – кредитен аналитичар:

„Како кредитни аналитичари во банка секојдневно се соочуваме со предизвикот да се направи точна и правилна анализа на работењето на компаниите од што зависи носење на правилна кредитна одлука. Кредитната способност подразбира способност на друштвото да ги сервисира идните кредитни обврски, но пред да се оцени дали проекциите за нејзиното идно работење се реални и остварливи потребно е најпрво да се направи анализа на досегашното работење на компанијата односно финансиска анализа на нејзините биланси. Оваа финансиската анализа подразбира статичка и динамичка анализа на ликвидноста, задолженоста и профитабилноста на конкретната компанија, но истото е невозможно без напредни познавања на сметководствените принципи, начинот на евидентирање на секојдневните настаните во билансите како и врската помеѓу двата главни биланси на секоја компанија – билансот на состојба и билансот на успех. 

За време на обуките во Конто Профит се стекнав со неопходните познавања токму на овие принципи, методи и врски помеѓу билансите, а кои се од големо значење за правилна финансиска анализа и во крајна линија правилна кредитна одлука.“

Верица Манчев, овластен сметководител:

„Обуките во КОНТО ПРОФИТ допринесоа многу за мој личен развој и надоградување на знаењето во областа на сметководството. Кога одлучив да ги посетувам обуките знаев дека сум го направила вистинскиот избор. Обуките во КОНТО ПРОФИТ се со многу практични примери што исклучително многу помага да се разбере суштината на сметководствената евиденција.

Благоја е професионалец но пред се ДРУГАР со извонреден однос кон секој кој ќе одлучи да биде негов слушател, со соодветен пристап кон секого кој мотивира, поттикнува и несебично го пренесува своето знаење.

Според мене сметководството како професија е уметност, а сметководителот уметник кој  доколку доволно си ја сака својата работа може да направи совршено уметничко дело. Поради тоа, за оние кои сакаат да научат или да го надоградат своето знаење моја најискрена препорака. 

“An accountant is someone who knows the cost of everything and the value of nothing”.“