Почетна » Обуки » Финансиска контрола и анализа

Финансиска контрола и анализа на финансиски извештаи

Сметководството е азбуката на финансиското работење. Тоа е нервниот систем на секој деловен ентитет и на целата економија.



За сите оние кои веќе „ја знаат азбуката“, односно ја имаат позадината во сметководствено работење, а сакаат да научат како да „ги читаат“ извештаите на претпријатијата нудиме куси семинари на кои ќе се посветиме на тоа како да ги преработиме податоците од финансиските извештаи и од нив да дојдеме до клучните индикатори за финансиското „здравје“ на фирмата.

financial-statement-analysis-report-management-analytits

Графикони, пити, коефициенти, пресметки низ призмата на реални примери: анализа на бруто биланс и заклучен лист од реална сметководствена евиденција!

Финансискиот менаџмент се занимава со креирање на вредност за сопствениците на деловните ентитети – тоа е можно само со носење на правилни деловни одлуки. База за сите одлуки претставуваат податоците во сметководствените извештаи на претпријатието. 

Добар финансиски аналитичар треба да е во можност да даде одговор на следните прашања:

  • Кои активности генерираат готовина за претпријатието?
  • Каде се троши готовината?
  • Дали претпријатието е ликвидно?
  • Дали има потреба од дополнително задолжување?
  • Дали може навремено да се исплатат обврските од добавувачите?
  • Каков е односот помеѓу наплатата на побарувањата и исплатата на обврските?
  • Колку долго во текот на годината готовината ни е врзана во залихи?
  • Колкав процент од средствата на претпријатието се обезбедени од сопствениците а колкав од кредиторите?
  • Кој е приносот кој го остварува фирмата од своите средства?
  • Кој е приносот кој фирмата го остварува на влогот на сопствени
    ците?
  • Дали остварените приноси се доволни?
  • Колкав принос може да се оствари преку други пласмани?
  • Кои трошоци може да бидат елиминирани?
  • Дали бизнисот е профитабилен?
  • Дали профитабилноста или загубата се резултат на активности поврзани со основната дејност на бизнисот или се резултат на вонредни активности?
  • Помеѓу кои показатели постои корелираност?
  • Кои фактори влијаат врз дадените клучни индикатори за успехот во работата на претпријатието?
  • Дали поединечните категории во билансните шеми на претпријатието се стабилни, се зголемуваат и намалуваат во однос на некоја базна година?
  • Колкаво е, а колкаво треба да е учеството на залихите/побарувањата/парите/основните средства во вкупните средства и на задолжувањето во вкупните извори (хоризонтална и вертикална анализа)?

Цени и плаќање

Цената за овие куси семинари изнесува 6.500 денари за работа во група (повеќе од 2 слушатели) или 8.500 денари за индивидуални часови (до 2 слушатели). За студенти и невработени следува 8% попуст на овие цени.

Со анализа на финаниските извештаи може да дојдеме до клучни информации кои ќе ни помогнат да го унапредиме бизнисот. Обуките вклучуваат и принтан прирачник од 80 страници и опфаќаат и кус tutorial за употреба на MS Excel како алатка за финансиска и статистичка анализа.

Обуките ги изведува М-р Благоја Грозданов, магистер по економски науки од областа на сметководството и ревизијата, со поле на особен научен интерес во финансиите и оптимизацијата на структурата на изворите на финансирање.

Планирано е материјата да се апсолвира во една или две недели со одржување на 3-5 блок-часови. Термините се флексибилни и во договор со слушателите.