Почетна » Новости » Коефициент за пресметка на МДБ

Месечните аконтации на данокот на добивка

една дванаестина од утврдениот данок во даночниот биланс за претходната година зголемени за процентот на кумулативниот пораст на цените на мало во Републиката од претходниот период од годината, односно до 31 јануари наредната година, во однос на просечните цени на мало во претходната година, согласно податоците од ДЗС

Месечните аконтации се плаќаат во рок од 15 дена по истекот на секој календарски месец.

Даночните обврзници кои донирале средства во спортот преку системот со ваучери, согласно со членот 30-а од овој закон имаат право на намалување на месечните аконтации во висина од дадената донација, но најмногу до 50% од износот на месечните аконтации на данокот на добивка.

Обврската за плаќање на месечни аконтации не се однесува на непрофтините организации од членот 4-а став (3) од Законот и трговските друштва кои влегуваат во поедноставениот даночен режим од членот 31 од Законот.

Разликата меѓу уплатената аконтација и вистинската обврска на пресметаниот данок на добивка, обврзникот е должен да ја уплати во рок од 30 дена од денот на истекот на рокот за предавање на годишната сметка.

Ако обврзникот на данокот во вид на аконтација платил поголем износ на данок од износот што бил должен да го плати, може од Управата за јавни приходи да бара враќање на повеќе платениот износ. Управата за јавни приходи е должна да донесе решение за враќање на повеќе платениот данок на добивка на обврзникот, на негово барање во рок од 60 дена од денот на поднесувањето на барањето за враќање.

Коефициенти за МДБ

Архива: коефициенти МДБ