Почетна » Обуки

Какви обуки нудиме?

📌 Обуките за практично сметководство (основи на сметководство), напредно сметководство и финансиска анализа ги организираме во редовни циклуси, два пати во годината (пролетен циклус од март до мај и есенски циклус од октомври до декември).

📖 Секоја од нашите обуки доаѓа со соптвен прирачник со работни материјали и реални примери кој слушателите го добиваат во принтана форма и дополнителни работни материјали, слајдови, ексел табели и вежби кои ги праќаме во електронска форма.

📜 Секоја од нашите обуки доаѓа со соптвен сертификат (уверение за завршена обука) позади кој стоиме ние со нашето децениско искуство во областа.

💻 За сите лиценцирани колеги сметководители и овластени сметководители организираме и 4-5 обуки за задолжително КПУ во годината.

✔️За точните термини за секоја обука може да се информирате на нашата Веб страница, во делот од менито „Новости“ > „Најави за настани, обуки и понуди“ како и на нашата официјална ФБ страница.

👇 Повеќе детали за секоја од обуките кои ги организираме ќе најдете со кликање на линковите подолу 👇

Практично сметководство

На сметководствениот оддел на Вашата фирма или можеби лично Вам Ви се потребни знаења од областа на сметководството, финансиите и даночниот систем? Евиденција на настани од основање на фирма до годишна сметка. Основни сметководствени знаења се неопходни за секој иден финансиски работник, претприемач, административец, сопственик на бизнис...

Напредно сметководство

За сите оние кои сакаат подетално да се запознаат со конкретни и специфични сметководствени ситуации (производство, градежништво, лизинг, капитални добивки и загуби, покомплицирани даночни пресметки итн.) - напредно сметководство. Обука наменета за професионалци: аналитичари, даночни советници, сметководители и ревизори.

Финансиска анализа и контрола

Планирате кариера во финансиска институција или едноставно сакате да имате зголемена контрол над сопствениот бизнис? Сакате да дознате како се читаат финансиските извештаи? Потребно Ви е знаење од областа на финансиското планирање и анализа на финансиските извештаи! Обука идеална за сметководители, ревизори, кредтни аналитичари и финансиски директори.

Обуки за КПУ

Имате лиценца за сметководител или овластен сметководител и треба да посетувате обуки за КПУ? Проверете зошто нашите обуки се уникатни!