Почетна » Услуги » Вештачења

Вештачења

Конто Профит ви нуди вештачења од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење.

М-р Благоја Грозданов, покрај лиценцата за овластен сметководител, како магистер од релевантната област, поседува и лиценца за судски вештак од областа на материјалното, сметководствено и финансиско работење (лиценца број 08-4273/2).

Илиќ Ивана, покрај лиценцата за овластен сметководител, како магистер од релевантната област, поседува и лиценца за судски вештак од областа на материјалното, сметководствено и финансиско работење (лиценца број 08-5179/2).

Истовремено, решение на Основниот Суд – Скопје II 04-Су. 1532/2009 Конто Профит ДООЕЛ Скопје е именувано за овластен судски вештак во областа на сметководството. Со оваа одлука ние сме овластени да Ви помогнеме во оценувањето на валидноста и релевантноста на Вашата финансиско-сметководствена евиденција.

Во целата постапка секогаш одржуваме континуирана комуникација со клиентите и нивните правни застапници како би дошле до најквалитетен, издржан, релевантен и веродостоен наод,

За нашите наоди гарантираме со печат и секако со искуството и експертизата кои Ви стојат на располагање.

Цените на едно вештачење зависат од обемот на документацијата која ќе биде предмет на вештачењето (вообичаено документацијата вклучува фактури, испратници, работни налози, градежни книги, пресметковни листи од плата, банкарски девизни и денарски изводи од трансакциска сметка, договори, останата пропратна документација од банкарски трансакции, аналитички коминтентски картички, даночни картички, останати финансиски и материјални документи, извештаи од сметководствена евиденција и сл.), периодот кој се вештачи и вредноста на вештачената документација. Референтни цени може да најдете во продолжение, додека за конкретна понуда контактирајте не на [email protected]

    • Едноставни вештачења, до околу 15 документи кои се предмет на вештачењето, вредност на вештачење до околу 150.000 денари, период на вештачење до 12 месеци: 9.500 денари нето цена без даноци;
    • Средно сложени вештачења, до околу 30 документи кои се предмет на вештачењето, вредност на вештачење до околу 600.000 денари, период на вештачење до 36 месеци: 18.500 денари нето цена без даноци;
    • Покомплексни вештачења, до околу 60 документи кои се предмет на вештачењето, вредност на вештачење до околу 1.500.000 денари, период на вештачење над 36 месеци: 36.000 денари нето цена без даноци;
    • За сите вештачења со поголем обем на документи, поголема вредност на вештачењето, подолг опфатен период и сл., цена по договор.