Почетна » Услуги » Сметководствени услуги

Конто Профит е лиценцирано друштво за сметководствени работи (лиценца бр. 710045)

Микро, мали или средни претпријатија, непрофитни организации (здруженија) или фондации - Зошто би одбрале да одржувате внатрешна сметководствена единица во Вашата компанија во еден бизнис свет во кој outsourcing станува норма? Ние сме дел од синџирот на додавање вредност на голем број на трговски друштва и непрофитни организации од Македонија.

Точно, прецизно, комплетно, сеопфатно, навремено евидентирање на настаните согласно со, во Македонија усвоените МСС и МСФИ е наша работа, додека на Вас останува да се фокусирате на успехот на Вашата органиација!

Кај нас можете да добиете услуги со највисок квалитет:

  • финансиско сметководство и известување согласно МСС и МСФИ
  • пресметка на плати
  • даночни совети и даночни извештаи

Во продолжение презентираме табела со минимални ориентациски месечни цени за барани сметководствени услуги (вистински понудените цени по поднесениот прашалник за понуда може да варираат).

Цените се однесуваат на финансиско сметководство, евиденција на деловните настани врз основа на достапната документација, пресметки на плати и поднесок на ДДВ-04 пријава во соодветен рок.

За изработка на годишна сметка и финансиски извештаи согласно ЗТД и поднесок на соодветен даночен биланс согласно Законот за данок на добивка се наплаќа 13-ти годишен надомест, во износ најмалку колку што е месечниот договорен надомест. Сите дадени цени се без вклучен ДДВ.

Сите цени се ориентациски, додека за реална понуда потребно е да го објасните Вашиот бизнис модел, обемот на сметководствена документација, нејзината комплексност како и даночните импликации од вашата работа.

Доколку би сакале да Ви доставиме конкретна понуда за водење на сметководствена евиденција од наша страна, Ве молиме пополнете го овој формулар

Фактори кои влијаат на пресметката која и претходи на реално понудената цена, меѓу другите, се и:

  • Број на домашни влезни ф-ри и увози
  • Број на излезни ф-ри
  • Организациска форма: трговско друштво, ПЗУ, здружение, трговец поединец, вршител на дејност и сл.
  • Книговодствени трговски документи и дополнителни услуги: материјално сметководство, генерирање на ПЛТ и ЕТ, барани менаџерски извештаи и сл.
  • Број на фискални каси
  • Број на продажни локации (магацини или малопродажни објекти), односно број на подружници
  • Број на вработени
  • Рочност за ДДВ (месечен или тримесечен ДДВ обврзник)
  • Комплексноста на даночните импликации на дејноста
  • Дејност (услуги, производство, трговија, градежништво, НПО, буџетски корисник или буџетска единица и сл.)
  • Број на банкови изводи (денарски и девизни)
  • Број на фукнционални трансакциски сметки во комерцијални банки
  • Просечен број на редови во еден банков извод
  • Број и комплексност на останата документација која треба да биде сметководствено третирана итн.

После доставеното Барање за понуда, правиме калкулација за работните часови кои ќе треба да бидат алоцирани за задоволување на Вашите деловни потреби и доставуваме соодветна понуда.

Oсвен сметководство, може да Ви понудиме и други оперативни економско-правни услуги:

Дополнителни услуги кои може да Ви ги понудиме Цена без ДДВ
Пријава во/одјава од редовен работен однос во АВРМ ден 720
Боледување ден 1.500
Поднесок на електронска пријава за ПДД за до 3 лица ден 500
Дополнително за секое наредно лице во пријава ден 300
Поднесок на ДДВ-01 во УЈП ден 3.500
Поднесок на ДДВ-ПЕФ-ДО (странски проекти)  ден 1.500
Поднесок дополнителни извештаи во ДДВ-04 врзани со чл. 32-а од ЗДДВ (до 3 вл. / изл. ф-ри) ден 500
Внес на податоци за секоја дополнителна ф-ра врзана со чл. 32-а од ЗДДВ (над 3 вл. / изл. ф-ри) ден 100
Постапка за пребивање на даноци / преземање на даночен долг / цесија со УЈП ден 3.500
Намалување на даночна основа за износ на реинвестирана добивка ден 3.000
Постапка за донации во спортот и намалување на пресметан данок на добивка ден 3.000
Извештаи за завод за статистика ден 2.000
Промена на управител во ЦРМ (македонско лице) ден 6.500
Упис на основачки влог во ЦРМ (неуплатен капитал) ден 6.500
Регистрација на подружница во ЦРМ ден 6.500
Промена на e-mail адреса во ЦРМ ден 3.500
Промена на седиште (адреса) во ЦРМ ден 6.000
Регистрација на работно време ден 3.500
Регистрација на вистински сопственик во регистарот на ЦР ден 3.500

Дозволете ние да се погрижиме за Вашата сметководствена евиденција! Овде во Конто Профит, сметководството е многу повеќе од ажурна евиденција за состојбите во вашите трговски книги, уредно пополнети даночни пријави, платни листи и годишни сметки и финансиски извештаи сметки.

Овде финансиското сметководство е основата на која се пресметуваат сите релевантни показатели и се прават анализи на работењето.

Врз основа на анализите, подоцна по склопувањето на билансните шеми, на управувачките тимови на клиентите им се нудат предлози за подобрување на финансиските резултати во наредните периоди. Сметководствената анализа на финансиските извештаи е неопходна менаџерска алатка за нормално работење на деловните субјекти. А реални податоци во финансиските извештаи се резултат на правилно водење на сметководство.

Уредното, ажурно, сеопфатно и комплетно сметководство е основата за носење на одлуки за секој претприемач. Со нас секогаш ќе имате база за рационална одлучување а нашите совети ќе бидат основа за вашето даночно и деловно планирање!