Почетна » Услуги » Изработка на бизнис планови

Изработка на бизнис планови за нови и постоечки бизниси

„Ако не знаете кон кое пристаниште пловите, ниеден ветер не е поволен“ - Сенека (римски филозоф, писател и оратор)

Во контекст на горниот цитат, ако не знаете кои се целите на Вашиот бизнис, тогаш не може да знаете дали постојат поволни коњунктури за нивно исполнување.

Дали сте знаеле дека некои од западните мултинационални корпорации имаат бизнис планови коишто се однесуваат на период од 100 (сто) години и коишто секоја година се ажурираат?! Секоја сериозна фирма мора да има бизнис план. Не само затоа што станува збор за неопходна скица, без која ниедна банка или финансиска институција нема да Ве свати сериозно и нема да сака да соработува со Вас.

Бизнис планот е пред се за Вас и Вашата фирма. Секој вистински претприемач мора да има визија за тоа каде сака да ја види својата фирма. Секој бизнис мора да има цели и мисија. На долг рок потребна е стратешка насоченост за остварување на Вашата визија! Пократкорочно пак, потребно е тактичко размислување за тоа како да се насочи бизнисот во правец на остварување на целите и мисијата.

Токму тоа е задачата на бизнис планот – преку детална анализа на моменталните поставености во интерното и екстерното окружување и издржани проекции на идните пазарни трендови и насоки, истиот да се насочи правилно. На крајот на денот, за да еден претприемач раководи со профитабилен бизнис, мора на пазарот да понуди решение кое ќе задоволи некоја од потребите на потрошувачите на ефикасен и ефективен начин.

Затоа, еден бизнис план мора да ги земе предвид пазарот и пазарниот амбиент (потрошувачите и конкурентите), технолошките фактори кои влијааат врз бизнисот, социјалните и општествените фактори, релевантната законска регулатива, економската ситуација во земјата, политичките состојби итн. Од целата оваа анализа потребно е да се идентификуваат можностите и заканите за претпријатието, како и начините на кои истите може да се анулираат, односно искористат. Мора да се идентификуваат интерните предности и слабости на деловниот потфат, да се анализираат производите и услугите кои се нудат на пазарот и потребите кои тие ги задоволуваат, вработените, нивните вештини и компетенции, активностит, процесите и процедурите, деловните политики и секојдневните пракси на претпријатието. Само со критична анализа на истите може да се констатираат предностите и слабостите на фирмата.

За предвидување на идните насоки и трендови потребно е да се спроведе сеопфатна анализа на релевантните фактори за која се користат разни алатки: за оценување на атрактивноста на пазарот потребна е анализа со помош на матриците на BCG и GE, за правилно планирање потребна е сценарио анализа итн. Дозволете со нашето знаење и експертиза да Ви помогнеме на патот кон остварување на Вашата визија! Помогнете си самите себе така што во еден пишан документ ќе го преточите се она што е важно за Вашиот бизнис!

Цената за изработката на еден бизнис е предмет на договор и зависно од потребите на клиентот почнува од 500 евра + 18% ДДВ за start-up бизнис план од околу 20 до 30 страници. Сите бизнис планови кои ги изработуваме вклучуваат и проекции за плански биланси на состојба, биланси на успех и извештаи за готовински текови за период од три години.