Прво Online советување за 2022: подготовка на годишна сметка, ДБ, последна ДДВ пријава, плати и надоместоци и актуелни законски измени

0
1998

Бидете дел од првиот Webinar кој ќе го организираме во 2022 година. Секако дека најактуелни теми за периодов се поврзани со подготовката на годишните сметки, даночниот биланс, ДДВ пријавите за последниот даночен период, како и актуелните законски измени.

Кога?

  • 10.2 (четврток), попладне, од 15:15 часот.

Како?

  • Online, за пријава сите заинтересирани може да го пополнат прашалникот подолу на страната, најдоцна до 9.2 (среда), 12:30 и ќе добијат инструкции за како да се приклучат кон советувањето.
  • Семинарот ќе биде максимално интерактивен и ќе оставиме простор за дискусија и прашања.

Теми?

На Webinar-от ќе се обидеме да одговориме на следните прашања:

  • Подготовка за годишна сметка: пресметка на амортизација, реализирана маржа во малопродажба, евиденција на спроведен попис, утврдување на резултатот од работењето и тн.;
  • Користење на ажурирана Excel алатка за подготовка на годишна сметка;
  • Пополнување на ДБ за 2021;
  • Поднесок на ДДВ пријава за последен даночен период, ДДВ во постапка за присилна наплата и присилно извршување;
  • Пресметка на плата и надоместоци согласно последните податоци за 2022 и користење на Excel алатка за разни пресметки;
  • Последните измени во ЗРО и Законот за трговија;
  • Останати актуелни законски измени и дополнувања.

Бидејќи секогаш се стремиме кон тоа да оставиме простор за прашања и дискусија, искористете го полето „Коментари и забелешки“ во формуларот подолу за да предложите теми кои би сакале да бидат обработени.

Цена?

  • Цената изнесува 2.000 ден. + 18% ДДВ или вкупно 2.360 денари по слушател.

Пријава и податоци за уплата

    Име и презиме на лицaтa кои се пријавуваат за присуство на семинарот:

    Фактурата да гласи на (доколку станува збор за правно лице или ТП наведете назив, ЕДБ и адреса):

    E-Mail:

    Мобилен телефон:

    Забелешки и коментари:

    Доколку сакате директно да извршите уплата истото можете да го сторите користејќи ги следните податоци:

    • Примач: Конто Профит ДООЕЛ Скопје
    • Адреса: Бул. Ј. Сандански 79а, локал 10, Скопје
    • ЕДБ: МК4030002446740
    • Трансакциски сметки:
      • 300-0000014524-17, Комерцијална Банка АД Скопје;
      • 210-0560987901-48, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
    • Цел на дознака: Семинар јануари 2021 за *Име на лице*.

    За повеќе инфо контактирајте не на [email protected] или на еден од телефоните 02 609 1551 или 070 22 11 65.