Online советување

0
2306

Бидете дел од последниот Webinar кој ќе го организираме во 2021 година, на кој ќе се освренеме на актуелни теми од даночната сфера како и на планираните законски измени кои треба да стапат на сила во претстојниот период.

Кога?

  • 20.12 (понеделник), од 9:00

Како?

  • Online, за пријава сите заинтересирани може да го пополнат прашалникот подолу на страната, најдоцна до 17.12 (петок), 12:30 и ќе добијат инструкции за како да се приклучат кон советувањето.
  • Семинарот ќе биде максимално интерактивен и ќе оставиме простор за дискусија и прашања.

Теми?

На Webinar-от ќе се обидеме да одговориме на следните прашања:

Прв дел: ДДВ

  • Посебни видови на даночна основа за ДДВ;
  • Промена на околности согласно член 37 од ЗДДВ;
  • Статусни промени на ТД од аспект на ДДВ;
  • Мешовит промет во градежништво од аспект на ДДВ;
  • Член 23 и 24 од ЗДДВ;
  • Осврт на најавени измени и дополнувања во ЗДДВ;

Втор дел: ДД

  • Намалување на даночна основа:
    • Реинвестирана добивка;
    • Пренесување на загуби.
  • Поедноставен даночен режим за даночен период 1.1.2021-31.12.2021;
  • Статусни промени од аспект на ДД;
  • Пресметка на амортизација од аспект на ДД;
  • Враќање на финансиска поддршка и трансформација во грант.

Трет дел: Нов ЗВСР и залихи

  • Најава за нов ЗВСР;
  • Трговија на големо и мало:
    • Оддел 13 од МСФИ за МСЕ;
    • Евиденциски обврски согласно Законот за трговија;
    • Нивелации на цени;
    • Растур, кало, крш и расипување: евиденција и даночни импликации;
    • Попис: кусоци и вишоци.

Бидејќи секогаш се стремиме кон тоа да оставиме простор за прашања и дискусија, искористете го полето „Коментари и забелешки“ во формуларот подолу за да предложите теми кои би сакале да бидат обработени.

Цена?

  • Цената изнесува 2.000 ден. + 18% ДДВ или вкупно 2.360 денари по слушател.

Пријава и податоци за уплата

    Име и презиме на лицaтa кои се пријавуваат за присуство на семинарот:

    Фактурата да гласи на (доколку станува збор за правно лице или ТП наведете назив, ЕДБ и адреса):

    E-Mail:

    Мобилен телефон:

    Забелешки и коментари: