Даночни совети, пресметки и извештаи
Како одговорно лице за работењето на вашето друштво Вие секако немате време да ги следите сите измени во даночната сфера. Затоа дозволете да Ви помогнеме. Бидете дел од нашата мејл листа и добивајте ажурни и навремени известувања за важните законски измени во даночната сфера! Ние може да ви понудиме советодавни услуги, пресметки и поднесоци на извештаи поврзани со:
- Данокот на додадена вредност (ДДВ)
- Данокот на личен доход (ДЛД) и
- Данокот на добивка (ДД)
Едно од најважните прашања при основањето на трговско друштво е дали уште од почетокот истото да се регистрира за целите на ДДВ или не? Ова прашање го дискутираме во детаљ со клиентите кои регистрираат фирми кај нас. Понатаму, во работењето секое правно лице, во зависност од дејноста која истот ја обавува, може да се соочи со низа ситуации поврзани со разни аспекти од Законот за ДДВ кои мора правилно да бидат истретирани и за кои мора правилно да се планира, како на пример:
- Дали постои или не право на одбивка на претходен ДДВ (член 33 до 35 од ЗДДВ)
- Дали се врши промет ослободен од ДДВ со право на одбивка (член 24 од ЗДДВ)
- Дали се врши промет ослободен од ДДВ без право на одбивка (член 23 од ЗДДВ)
- Оцена на место на промет кај услугите дадени за странски лица (член 14 од ЗДДВ)
- Дали да се употреби механизмот за reverse charge (член 32-а од ЗДДВ)
- Оцена на исполнетоста на условите за промена на даночна основа (член 22 од ЗДДВ)
- Утврдување на даночната основа (член 16 до 21 од ЗДДВ) итн.
ДЛД е важен при секоја исплата кон физички лица на основа на исплати на надоместоци и хонорари кај договорите на дело, авторските договори, договорите за закуп и сл. Но, ДЛД е исклучително важен и кај некои направени трошоци на правното лице во форма на „скриени исплати“, бесплатни давања, подароци или давања на надоместоци на физички лица над минимални пропишани законски вредности а кои може да претставуваат доход за физичките лица и кои мора да бидат оданочени со ДЛД.
ДЛД може да е исклучително важен и при одредени специфични ситуации како на пример кусоци по попис, плаќање на одредени трошоци за лица кои не се вработени кај исплатувачот и слично.
Освен совет за секоја посебна ситуација од аспект на ДЛД нудиме и услуга за пресметка и поднесок на електронска аконтативна пријава за ДЛД во системот е-ПДД по цена од 500 денари за пријава за до 3 лица за кои треба да се пресмета аконтација за ДЛД + 300 денари за секое наредно лице (цените се без ДДВ).
ДД е во најтесна врска со сметководствената евиденција, бидејќи утврдената добивка или загуба од работењето е појдовна основа за даночење со данок на добивка. Понатаму, од исклучително големо значење е да се оцени дали сите евидентирани трошоци кои ја намалите добивката се и даночно признат расход за целите на данокот на добивка. Исто така, важно е да се имаат предвид и сите останати даночни категории кои ја зголемуваат или намалуваат даночната основа и самиот данок, како и правилно да се пресмета и уплати аконтација за ДД во текот на годината (МДБ).
Овој закон ги тангира не само големите трговски друштва туку и микро трговците, за кои постои поедноставен даночен режим како и непрофитните организации за кои постојат посебни одредби.
Во рамките на Законот за данок на добивка се опфатени и покомплексни теми како на пример трансферните цени и задржаниот данок (withholding tax).
Со нас секој заинтересиран може правовремено да добие податок за тоа кои механизми за намалување на даночната основа и обврската за данокот може да ги користи: реинвестирана добивка, донации во спортот, спонзорства во организации од јавен интерес и сл.
Правовремена, ажурна и релијабилна сметководствена евиденција е најважна за во секој момент да имате основа за да процените колкава е Вашата планирана добивка до крајот на периодот, што е основа за даночното планирање!
Поднесокот на годишните даночни извештаи за оданочување со данок на добивка (во најголем број на случаи ДБ и ДБ-ВП) се наплаќаат заедно со поднесокот на годишната сметка и финансиските извештаи.