🆕НОВО! Обука за Јавни набавки со фокус на економските оператори!

0
2631

🔜 На наше големо задоволство, во соработка со врвни експерти од областа ја организираме првата обука од овој тип! Како и на сите обуки кои ги организираме охрабруваме континуирана интеракција со предавачите.

ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ДО ПОДОБРИ ПОНУДИ

Обуката ќе биде поделена во четири сесии од по 60-75 минути, со можност за интеракција за време на предавањето и прашања по секоја сесија. Измеѓу третата и четвртата сесија ќе направиме куса кафе пауза (вклучено во цената за учество на обуката).

Теми и агенда

Регистрација на учесници, подигање на принтани материјали, 9:00 – 9:15

Сесија 1: Подготовка и поднесување на понудата, 9:15 – 10:25

  • Појаснување на содржината на тендерската документација;
  • Потребна документација;
  • Обезбедување формална исправност на понудата;
  • Што може а што не економскиот оператор за време на рокот за подоготвка на понудата?
  • Што може а што не економскиот оператор за време на евалуација на понудата?

Сесија 2: Групна понуда, подизведувачи и поддршка од друг субјект, 10:25 – 11:35

  • Зошто се користат?
  • Кои се предности и слабости на групната понуда, подизведувањето и поддршката од други субјекти?
  • Која е разликата помеѓу подизведувач и користење способност од друг субјект?
  • Како се докажува способноста во секој од овие случаи?
  • На што да се внимава при составување на договорот за групна понуда?

Прашања и дискусија, 11:35 – 11:45

Кафе пауза (30 минути), 11:45 – 12:15

Сесија 3: Заштитете ги своите права – жалбена постапка, 12:15 – 13:25

  • Кога се вложува жалба?
  • Како да се изврши увид во целокупната документација од постапката?
  • На кој начин се вложува жалба?
  • Што треба да содржи жалбата и како да се формулираат жалбените наводи?

Сесија 4: Извршување на договорите за јавни набавки, 13:25 – 14:35

  • Кои се можностите за анексирање на договорот?
  • Како да се документираат причините за измена на договорот?
  • Дали вишата сила и променетите околности може да доведат до престанок или пак до измена на договорите за јавни набавки?
  • Промена на технологиите како причина за анексирање на договорите.

Прашања и дискусија, 14:35 – 14:45

Завршни коментари, 14:45 – 15:00

Предавачи

м-р Александар Аргировски и м-р Рита Глигоријевска, како врвни експерти од областа со долгогодишно искуство во Бирото за јавни набавки (БЈН).

Термин и локација

27.10.2022 (четврток), Хотел Double Tree Hilton (бул. АСНОМ 17, на кеј на Вардар во Аеродром).

Формулар за пријава

    Име и презиме на лицaтa кои се пријавуваат за присуство на семинарот:

    Фактурата да гласи на (доколку станува збор за правно лице или ТП наведете назив, ЕДБ и адреса):

    E-Mail:

    Мобилен телефон:

    Забелешки и коментари:

    Цена

    Цената за учество на семинарот, со вклучени принтани материјали изнесува:

    • За уплата заклучно со 30.9.2022 (петок): 4.000 денари + 18% ДДВ по учесник;
    • За уплата по 30.9.2022: 5.000 денари + 18% ДДВ за прв и 4.500 денари + 18% ДДВ за секој нареден учесник пријавен од исто правно лице (💥актуелна понуда💥);

    Доколку сакате директно да извршите уплата истото можете да го сторите користејќи ги следните податоци:

    • Примач: Конто Профит ДООЕЛ Скопје
    • Адреса: Бул. Ј. Сандански 79а, локал 10, Скопје
    • ЕДБ: МК4030002446740
    • Трансакциски сметки:
      • 300-0000014524-17, Комерцијална Банка АД Скопје;
      • 210-0560987901-48, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
    • Цел на дознака: Семинар ЈН за *Име на лице*.

    За повеќе инфо контактирајте не на [email protected] или на еден од телефоните 02 609 1551 или 070 22 11 65.