Почетна » Услуги » Јавни набавки – консултации и подготовка на документација

Јавни набавки - консултации и подготовка на документација

Советодавни услуги за помош на ДОГОВОРНИ ОРГАНИ

  • Подготовка на Годишен план за јавни набавки, негово менување и дополнување;
  • Изработка на акти со кои се утврдува потребата од конкретни набавки (одлука за јавна набавка), нивно менување и дополнување;
  • Подготовка на тендерска документација;
  • Анализа на дадени предлози во фазата на технички дијалог и утврдување на оние кои ќе треба да се имплементираат;
  • Разгледување на доставените прашања од економските органи, утврдување дали врз основа на истите е потребно да се изменат одделни делови од тендерската документација, преглед на спремените одговори;
  • Евалуацијата на понудите;
  • Подготовка на одлука за избор или одлука за поништување и известување за понудувачите;
  • Подготовка на одговор по жалба (во случај на жалба);
  • Реализацијата на договорите за јавна набавка и
  • Оформување на досие од спроведената постапка.
  • Изработка на интерни процедури за спроведување на јавните набавки;
  • Интерни процедури за набавките кои се исклучени од опфатот на законот.

Советодавни услуги за помош на ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ

  • Усни/писмени консултации;
  • Анализа на огласот за јавна набавка и тендерската документација;
  • Подготовка на предлози за измена/дополнување на тендерската документација при спроведување на технички дијалог и анализа на дадените одговори;
  • Подготовка на прашања за разјаснување на делови од тендерската документација и анализа на дадените одговори;
  • Подготовка на документацијата за учество во постапката за јавна набавка;
  • Изработка на „чек листа“ – листа на потребна документација и сите услови (општи и дополнителни) потребни за учество во конкретната постапка за јавна набавка;
  • Помош при  составување на група на понудувачи со цел учество во постапката;
  • Помош во избор на субјекти кои ќе бидат техничка поддршка или подизведувачи на дел од договорот за јавна набавка;
  • Анализа на одлука за избор и/или одлуката за поништување на постапката;
  • Подготовка на жалба;
  • Реализацијата на договорот за јавна набавка, негово менување (анексирање) или раскинување;
  • Укажување на ситуациите кои можат да доведат до издавање на негативна референца и/или активирање на средставата за обезбедување.