Термини за обука за Напредно сметководство во јануари

0
8352
individual-coaching

За сите оние кои сакаат да нурнат подлабоко во водите на сметководството: Обука за напредно сметководство!

Термини: 20.1, 21.1, 22.1 и 23.1 (понеделник до четврток) од 17:00 до 20:00.

Цена: 6.500 денари.

Теми: Евиденција и даночен третман на специфични категории на приходи и расходи (капитални добивки и загуби од продажба на основни средства, финансиски одобренија и задолженија, расходување на основни средства, евиденција на растур, кало, крш и расипување и сл.), ревалоризација и обезвреднување на основни средства, залихи во специфични ситуации (комисион, производство, алокација на трошоци кон вредност на готови производи, евиденција по плански цени и други интерни книжења поврзани со залихите кај производствени претпријатија, трговци на големо и мало), евиденција на приходи кај повеќегодишни договори за изградба, оперативен и финансиски лизинг, третман на специфични ситуации од аспект на ЗДДВ (физички лица, член 32, 32-а, член 14), и Законот за данок на добивка (комплицирани примери со утврдување на даночна основа со непризнати расходи, намалување на даночна основа со реинвестирана добивка, пресметка на обврска за аконтации и утврдување на даночна обврска и сл.), покомплицирани примери со утврдување на даночна основа, пресметка на аконтации и обврска за данок кај данокот на личен доход, нормативен правен и сметководствен третман на исплатите на дивиденди итн. 



Обуката вклучува и прирачник со примери од 200 + страници и дополнителни електронски материјали.

Влезете во кругот професионалци во оваа високо ценета професија!