Пакет обуки есен 2023: 3 обуки, 3 прирачници, 3 месеци (хибриден модел со физичко присуство и Online следење)

0
6771

БИДЕТЕ КОМПЛЕТНО ОБУЧЕНИ – ВЛОЖЕТЕ во ВАШАТА ИДНИНА и НАУЧЕТЕ од ОНИЕ кои ВЕЌЕ 20 ГОДИНИ НЕСЕБИЧНО го ПРЕНЕСУВААТ ЗНАЕЊЕТО!

ПАКЕТ од ТРИ ОБУКИ во ТРАЕЊЕ од 12 НЕДЕЛИ (Практично сметководство, Напредно сметководство и Финансиска анализа).

Се започнува со обуката за Практично сметководство на 2.10.2023 (понеделник), а потоа се апсолвираат обуките за Напредно сметководство и Финансиска анализа. Последниот час од пакетот од трите обуки ќе се одржи најдоцна до 27.12.2023 (среда).

Пакетот ги опфаќа следните теми:

📝 сметководствена евиденција на секојдневни (влезно-излезна документација кај друштва кои се бават со давање на услуги, трговија на големо и мало, од основање на фирма па до поднесок на биланс на состојба и на успех) и специфични настани (капитални добивки и загуби од продажба на основни средства, растур, кало, крш и расипување, производство, градежништво, лизинг и сл.),

📚 осврт на даночната регулатива и релевантните даночни извештаи (данок на личен доход и пресметките при оданочување на разни видови на доход, данок на добивка и пресметка на даночна основа со непризнати расходи, даночни намалувања и намалувања на пресметаниот данок, пресметка на обврска за данок и месечна аконтација за данок, ДДВ со сите негови специфики, поднесок на даночен биланс за данок на добивка, даночен биланс на вкупен приход и на ДДВ-04 пријава),

📖 предглед на законската рамка поврзана со Законите за трговски друштва, Законот за трговија, Законот за работни односи, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување како и

📊 употреба на Ексел како алатка за анализа на финансиски извештаи преку практични примери!



💰 Цена:

  • За уплата на рата од 3.500 денари до 31.7.2023 цената е 18.500 денари;
  • За уплата на рата по 31.7.2023 цената е 19.500 денари (💥актуелна понуда!💥). 

☎ За повеќе инфо контактирајте не на 070 22 11 65 или на 609 1551 или на [email protected].

Повеќе за секоја од трите обуки во пакетот може да најдете тука: