Можност за голем попуст со уплата за есенскиот циклус обуки за практично сметководство (хибриден модел со физичко присуство и Online следење)

0
7585

Со есенскиот циклус почнуваме од 3.10 (понеделник). Искористете ја можноста за уплата со огромен попуст!

Обука чија програма, цели и методи се идеални за сите оние кои сакаат да градат кариера во модерниот деловен свет и кои имаат допир со финансии, човечки ресурси и пресметки на плати, даноци, административни и канцелариски работи:

  • претприемачи,
  • управители и менаџери,
  • банкарски и финансиски работници,
  • административци и кацелариски персонал,
  • студенти на бизнис, економија, администрација и
  • секој оној кој сака да се преквалификува или да го дополни знаењето со темите кои ќе бидат опфатени!

  • 📆 Термини: есенскиот циклус почнува од 3.10 и е предвидено да трае до 10.12, со предавања организирани во групи во различни термини од 18:00 и 17:00 (два блок часа неделно);
  • 💶 Цена: 
    • 11.500 денари за уплата до 31.7 (редовна цена е 15.000 денари). За искористување на попустот доволно е да се уплати рата од 3.500 денари;
    • 12.500 денари за уплата до 31.8 (редовна цена е 15.000 денари). За искористување на попустот доволно е да се уплати рата од 3.500 денари;
    • 13.500 денари за уплата до 30.9 (редовна цена е 15.000 денари). За искористување на попустот доволно е да се уплати рата од 3.500 денари;
    • 15.000 денари за уплата по 1.10 (актуелна понуда).
  • 📣 Начин на следење: хибридно, по желба на слушателот, можно е и физичко присуство но и Online следење (Skype + YouTube Stream).

Обуките може да се следат со физичко присуство, во нашите простории или Online, како stream на YouTube или преку Skype, по Ваш избор.

Обуката за практично сметководство е придружена со соодветен прирачник со работни материјали со реални примери и документи од околу 200 страници!

Обуката се изведува на табла и на компјутер и во текот на обуката ќе биде обработена типична сметководствено-финансиска документација за едно македонско микро друштво.

Во текот на обуката ќе опфатиме и теми поврзани со:

  • Законот за трговски друштва,
  • Законот за вршење на сметководствени работи,
  • Кус осврт на Законот за сметководство на непрофитни организации и Законот за сметководство на буџети и буџетски корисници,
  • Законот за ДДВ,
  • Законот за данок на личен доход (утврдување на даночна основа, концепт на прогресивен данок и рамен данок и пресметка на аконтации и оданочување на некои видови доходи),
  • Законот за данок на добивка (утврдување на даночна основа, оданочување на дивиденди, непризнати расходи и вкупни приходи, пресметка на аконтации),
  • Запознавање со системите на УЈП (електронско поднесување на даночни пријави),
  • Законот за работни односи и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.

За повеќе инфо посетете ја оваа страница или контактирајте не на 070 22 11 65 или на 609 1551 или на [email protected].

Предавач на обуката е м-р Благоја Грозданов, одговорно лице на Конто Профит и член на УО на Комората на сметководители, со повеќе од десет години искуство во областа.