КПУ 2/2023 во организација на Конто Профит

0
2576

КПУ 2/2023 ќе го спроведеме како еднодневна обука со можност за хибридно следење (можност и за физичко присуство и за Online следење) и истиот ќе носи 8 часа за КПУ во 2023 година. Семинарот е закажан за 19.4.2023 (среда), од 9:00 часот.

📅Термин

 19.4.2023 (среда) од 9:00.

💻Начин на следење

Хибридно – може самите да одберете дали сакате да следите со физичко присуство или да следите Online. Online присуството ќе се овозможи преку Skype и дополнително преку YouTube stream, со обезбедена снимка за последователно повторување на материјата. Упатство за приклучување ќе добијат сите пријавени кои ќе одберат да следат Online.

🏨Локација за физичко присуство

Хотел DoubleTree Hilton, Скопје, Аеродром (кеј на Вардар).

📰Теми и агенда

  1. Немонетарни користи за вработените (службени возила за приватни цели) – даночен третман од аспект на ДЛД и ДД – 1 час,
  2. Животно осигурување – даночен третман од аспект на ЗДЛД и ЗДД во 2023 – 1 час,
  3. Нормативен, даночен и сметководствен третман на настаните кај физичките лица – вршители на стопански дејности (ТП и СВД) – 1 час,
  4. ДДВ, фокус на конкретни практични примери во следните ситуации – 2,5 часа:
    • ДДВ при увоз,
    • Примена на повластени стапки на ДДВ,
    • Мешовит промет,
    • Примена на Reverse Charge механизмот во пракса.
  5. Работни односи, нормативно уредување на платите согласно важечката законска рамка и колективните договори и уредување на останати права од работен однос, со пресметки и даночен третман во разни ситуации – 2,5 часа:
    • Нормирање на платата (основна плата, додатоци и дел од плата за работна успешност),
    • Минимална плата,
    • Надоместување на трошоци поврзани со работа,
    • Креирање на систем на плати во компанијата – како до ефикасен и флексибилен систем на плати?

💶Цена

Цената изнесува вкупно 2.000 денари + 18% ДДВ, односно вкупно 2.360 денари по слушател за еднодневната обука. Уплатата се врши на една од нашите трансакциски сметки, по пополнета и испратена пријава за посета на обуката на формуларот подолу и по издадена фактура од наша страна.

📝Формулар за пријава

    Име и презиме (пополнете уредно, на кирилица. Ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Број на уверение (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Како би сакале да следите:

    Работодавач:

    Фактурата да гласи на (доколку станува збор за правно лице или ТП наведете и ЕДБ):

    E-Mail:

    Мобилен телефон: