КПУ 1/2024 во организација на Конто Профит

0
4916

Прво КПУ во 2024 година, со акцент на подготовката на годишни сметки, финансиски извештаи и даночен биланс за 2023.

🔜 Првата дводневна Online обука (2 дена по 8 часа, или вкупно 16 часа) за КПУ за 2024 година ја планираме на 29 и 30.1 (понеделник и вторник), во термини од 9:00 часот.

Понатаму, во текот на годината планираме и спроведување на обуки за КПУ со физичко присуство.

Термини

📆 29.1 и 30.1 (понеделник и вторник) од 9:00.

Начин на следење

💻 Online (Skype + YouTube stream), со обезбедена снимка за последователно повторување на материјата. Упатство за приклучување ќе добијат сите пријавени.

Теми и агенда *

  1. МСС 16 и Оддел 17 од МСФИ за МСЕ: Недвижности, постројки и опрема, пресметка на амортизација и расходување и даночен третман од аспект на Законот за данок на добивка: 1,5 час (60 минути);
  2. Подготовка на ГС и ФИ (биланс на состојба, биланс на успех, извештај за парични текови и извештај за промени во капиталот), примена на ексел за проверка на извештаите и подготовка на ДБ за 2023 година (осврт на непризнатите расходи, утврдување на даночна основа, намалување на даночната основа, намалување на пресметаниот данок итн.): 3 часа (120 минути);
  3. Поднесок на ДБ-ВП: ½ час (20 минути);
  4. Подготовка на ДБ-ВП/НП: ½ часа (20 минути);
  5. Пресметка на плати и надоместоци во 2024: 1 час (40 минути);
  6. Организирана исхрана и превоз во 2024 година – нормативен и даночен аспект (ЗДДВ, ЗДД и ЗДЛД): 1 час (40 минути);
  7. Поднесок на последна ДДВ пријава во годината: 1 час (40 минути);
  8. Промена на претходен ДДВ (член 22): 1 час (40 минути);
  9. Промет кон ТИРЗ од аспект на ДДВ: 1 час (40 минути);
  10. ДДВ во постапка за присилна наплата и присилно извршување: 1 час (40 минути);
  11. Ангажирање на физички лица за привремени и повремени работи (договори за дело и авторски договори) и менаџерески договори – нормативен и даночен третман: 2 часа (80 минути);
  12. Закон за даночна постапка и примена на материјални даночни закони во пракса: 2,5 часа (100 минути).

* Во случај на објава на релевантни законски новини го задржуваме правото на измена на темите кои ќе ги опфатиме во агендата.

Цена

💶 Цената изнесува вкупно 4.000 денари + 18% ДДВ, односно вкупно 4.720 денари по слушател за дводневната обука. Уплатата се врши на една од нашите трансакциски сметки, по пополнета и испратена пријава за посета на обуката на формуларот подолу и по издадена фактура од наша страна.

Податоци за уплата:

  • Примач: Конто Профит ДООЕЛ Скопје, Бул. Ј. Сандански 79а, локал 10, Скопје;
  • Трансакциски сметки:
    • 300-0000014524-17, Комерцијална Банка АД Скопје;
    • 210-0560987901-48, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
  • Цел на дознака: КПУ 1/2024 за *Име на лице и број на лиценца*.

Формулар за пријава

📝 За да се пријавите пополнете го формуларот подолу:

    Име и презиме (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Број на уверение (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Работодавач:

    Фактурата да гласи на (доколку станува збор за правно лице или ТП наведете и ЕДБ):

    E-Mail:

    Мобилен телефон: