Правилното пополнување на ДДВ пријавата е само последниот чекор во процесот. Пред поднесувањето на пријавата потребно е сметководствените евиденции, прометот, влезниот и излезниот ДДВ, авансите, побарувањата и обврските да бидат меѓусебно усогласени и правилно даночно третирани.

Конто Профит обезбедува услуга за ДДВ усогласеност и ревизија на сметководствените евиденции пред поднесување на ДДВ-04, наменета за компании кои сакаат дополнителна професионална контрола на својата ДДВ позиција и намалување на ризикот од грешки при даночното известување.

Што опфаќа услугата?

Ангажманот се приспособува на обемот и специфичностите на работењето на клиентот, а може да опфати ревизија и усогласување на аналитиките за влезен и излезен ДДВ, вклучително и сметките од групите 130 и 230; поврзување на евидентираниот приход и останатиот промет со пресметаниот излезен ДДВ; анализа на побарувањата и обврските на сметките 120 и 220 со цел идентификација на неусогласени или неоправдано отворени салда; проверка на примените и дадените аванси и нивното влијание врз ДДВ обврската и побарувањето; математички контроли и анализи на усогласеност на салда; анализа на изворна финансиска и материјална документација и нејзина законска сообразност и материјална поткрепеност од аспект на ЗДДВ; како и анализа на други сметки и трансакции кои можат да имаат влијание врз даночната пријава.

Посебно внимание се посветува на правото на одбивка на влезниот ДДВ, правилната примена на даночните стапки и ослободувањата, како и на конкретни трансакции кај кои даночниот третман не произлегува непосредно од самиот сметководствен запис.

Во рамки на услугата може да се анализира и правилната примена на даночни ослободувања, како и посебни даночни режими, вклучително и механизмот на пренесување на даночната обврска согласно член 32-а од Законот за ДДВ, како и други специфични ситуации зависно од дејноста на клиентот.

Документација и даночен ризик

ДДВ усогласеноста не се ограничува само на бројките во главната книга.

Кога е потребно, се врши анализа и на изворната документација и пропратните докази врз основа на кои е евидентирана конкретна трансакција, со цел да се оцени дали документацијата е оформена на начин што може соодветно да го докаже применетиот даночен третман во случај на даночна контрола или друга постапка пред надлежен орган.

Ова е особено значајно кај даночни ослободувања, промет со странство, аванси, специфични деловни модели, трансакции со повеќе учесници и случаи во кои правото на одбивка на влезниот ДДВ зависи од исполнување на повеќе материјални и формални услови.

Подготовка на ДДВ пријавата

Врз основа на доставените сметководствени податоци може да се изврши и претпополнување и подготовка на ДДВ-04, со пресек на утврдените износи и забелешки за идентификуваните разлики или ризични позиции.

За анализа вообичаено се доставуваат аналитички картички, главна книга и бруто биланс во Excel или PDF формат, а зависно од конкретните наоди може да биде побарана и дополнителна документација.

Услугата може да се користи како дополнителна контрола на сметководството што го води самиот клиент, негов внатрешен сметководствен сектор или друг надворешен сметководител.

Цена на услугата

Цената зависи од бројот на трансакции, обемот и структурата на сметководствената документација, специфичноста на дејноста и бројот на прашања кои бараат дополнителна даночна анализа.

За месечни ДДВ обврзници, цената за анализа започнува од 300 евра + 18% ДДВ по даночен период.

За квартални ДДВ обврзници, цената започнува од 600 евра + 18% ДДВ по квартален даночен период, односно еквивалент на 200 евра месечно.

Кај компании со голем број трансакции, повеќе деловни единици, значителен промет со странство или комплексни даночни прашања, цената се определува индивидуално по првичен увид во обемот на податоците.

Побарајте понуда

За проценка на потребниот обем на работа и подготовка на понуда можете да нè контактирате на:

grozdanov_b@profit.mk
konto@profit.mk