🔜 На наше големо задоволство, во соработка со врвни експерти од областа ја организираме првата обука од овој тип! Како и на сите обуки кои ги организираме охрабруваме континуирана интеракција со предавачите.
ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ДО ПОДОБРИ ПОНУДИ
Обуката ќе биде поделена во четири сесии од по 60-75 минути, со можност за интеракција за време на предавањето и прашања по секоја сесија. Измеѓу третата и четвртата сесија ќе направиме куса кафе пауза (вклучено во цената за учество на обуката).
Теми и агенда
Регистрација на учесници, подигање на принтани материјали, 9:00 – 9:15
Сесија 1: Подготовка и поднесување на понудата, 9:15 – 10:25
- Појаснување на содржината на тендерската документација;
- Потребна документација;
- Обезбедување формална исправност на понудата;
- Што може а што не економскиот оператор за време на рокот за подоготвка на понудата?
- Што може а што не економскиот оператор за време на евалуација на понудата?
Сесија 2: Групна понуда, подизведувачи и поддршка од друг субјект, 10:25 – 11:35
- Зошто се користат?
- Кои се предности и слабости на групната понуда, подизведувањето и поддршката од други субјекти?
- Која е разликата помеѓу подизведувач и користење способност од друг субјект?
- Како се докажува способноста во секој од овие случаи?
- На што да се внимава при составување на договорот за групна понуда?
Прашања и дискусија, 11:35 – 11:45
Кафе пауза (30 минути), 11:45 – 12:15
Сесија 3: Заштитете ги своите права – жалбена постапка, 12:15 – 13:25

- Кога се вложува жалба?
- Како да се изврши увид во целокупната документација од постапката?
- На кој начин се вложува жалба?
- Што треба да содржи жалбата и како да се формулираат жалбените наводи?
Сесија 4: Извршување на договорите за јавни набавки, 13:25 – 14:35

- Кои се можностите за анексирање на договорот?
- Како да се документираат причините за измена на договорот?
- Дали вишата сила и променетите околности може да доведат до престанок или пак до измена на договорите за јавни набавки?
- Промена на технологиите како причина за анексирање на договорите.
Прашања и дискусија, 14:35 – 14:45
Завршни коментари, 14:45 – 15:00
Предавачи
м-р Александар Аргировски и м-р Рита Глигоријевска, како врвни експерти од областа со долгогодишно искуство во Бирото за јавни набавки (БЈН).
Термин и локација
27.10.2022 (четврток), Хотел Double Tree Hilton (бул. АСНОМ 17, на кеј на Вардар во Аеродром).
Формулар за пријава
Цена
Цената за учество на семинарот, со вклучени принтани материјали изнесува:
За уплата заклучно со 30.9.2022 (петок): 4.000 денари + 18% ДДВ по учесник;- За уплата по 30.9.2022: 5.000 денари + 18% ДДВ за прв и 4.500 денари + 18% ДДВ за секој нареден учесник пријавен од исто правно лице (💥актуелна понуда💥);
Доколку сакате директно да извршите уплата истото можете да го сторите користејќи ги следните податоци:
- Примач: Конто Профит ДООЕЛ Скопје
- Адреса: Бул. Ј. Сандански 79а, локал 10, Скопје
- ЕДБ: МК4030002446740
- Трансакциски сметки:
- 300-0000014524-17, Комерцијална Банка АД Скопје;
- 210-0560987901-48, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
- Цел на дознака: Семинар ЈН за *Име на лице*.
За повеќе инфо контактирајте не на [email protected] или на еден од телефоните 02 609 1551 или 070 22 11 65.