вторник, декември 6, 2022
Почетна » Услуги » Јавни набавки – консултации и подготовка на документација » Пакет советодавни услуги ЗА ДОГОВОРНИ ОРГАНИ

Пакет советодавни услуги ЗА ДОГОВОРНИ ОРГАНИ

Активност

Што се добива

Проверка со укажување на неправилноста

Проверка со корекција на неправилноста

Изработка         

Подготовка на Годишен план за јавни набавки, негово менување и дополнување:

Оваа активност ќе обезбеди:

>>> утврдување на стоките или услугите кои се потребни за договорниот орган, периодот кога треба да се набават, потребата за финансирање или кофинансирање, типот на постапка за јавна набавка која е најсоодветна за доделување на договорот имајќи ја предвид проценетата вредност и природата на предметот на набавка;

>>> анализа на реализацијата на претходниот план со цел утврдување на отстапувањата од планираното и причините за истите, како и утврдување на тоа кои потреби треба да се предвидат и во новиот план; 

>>> навремено изготвување и објавување на Планот;

>>> изготвување на годишниот план за набавки во согласност со пропишаниот образец, по видови на стоки, услуги и работи според CPV (референтната номенклатура), дефинирање на очекуваниот почеток на секоја постапка, нејзината проценета вредност (без ДДВ) и видот на постапката преку која ќе се додели договорот;

>>> утврдување дали е потребно да се измени планот со оглед дека истиот е ориентациона проекција на годишните потреби кои во текот на годината може и да се сменат;

>>> изменување на годишниот план согласно со новонастанатите потреби и приоритети, и др.

 

 

 

Изработка на акти со кои се утврдува потребата од конкретни набавки (одлука за јавна набавка), нивно менување и дополнување

Оваа активност ќе обезбеди:

>>> одлуката за јавна набавка да е изработена во согласност со пропишаните одредби, односно да ги содржи сите задолжителни елементи;

>>> проверување на наведените причини и образложение за користење на исклучителните постапки (т.е. постапка со преговарање, конкурентен дијалог или партнерство за иновации) за намалување на роковите за доставување на понуди во случај на итни причини, како и причините за неделивост на предметот на набавка;

>>> изменување на одлуката  со цел дообезбедување средства потребни за реализација на договорот, доколку врз основа на спроведената анализа се утврди дека економски е поисплатливо да се дообезбедат средствата отколку да се повтори постапката;

>>> утврдување во соработка со договорниот орган како да се спроведе постапката за набавка од мала вреднос, односно дали истата да ја спроведе организацискиот облик или комисија за јавна набавка и истото да го наведе во одлукат

>>> утврдување дали е потребно ангажирање на надворешнистручни лица и нивно наведување во одлуката и др.

 

 

 

Подготовка на тендерска документација

Оваа активност ќе обезбеди:

>>> тендерската документација да биде изготвена согласно со пропишаните одредби, односно на начин кој ќе ја поттикне конкуренцијата, без притоа да содржи делови што ќе ја ограничат конкуренцијата или што ќе понуди нефер предност на некој од учесниците;

>>> јасно, во согласност со законот да се дефинира опфатот на стоките, услугите или работите што треба да се набават, критериумите што треба да ги задоволат економските оператори, правата и обврските на економскиот оператор и договорниот орган и сите услови што треба да ги задоволи понудата, за истата да се смета за прифатлива;

>>> укажување како правилно да се подготват техничките спецификации во соработка со стручни лица кои имаат експертски знаења за предметот на набавка;

>>> тендерската документација да ги содржи сите потребни информации со цел постапката да може успешно да се спроведе.

 

 

без технички спецификации

Анализа на дадени предлози во фазата на технички дијалог и утврдување на оние кои ќе треба да се имплементираат

Оваа активност ќе обезбеди:

->>> утврдување дали предлозите дадени по спроведениот техничкиот дијалог ќе придонесат за подобрување на квалитетот на тендерската документација и како истите да се имплементираа;

>>> утврдување дали образложението за неприфаќање на дадените предлози и коментари е доволно јасно и образложено;

>>> проверување дали составениот записник од спроведениот технички дијалог содржи краток опис на предлозите и коментарите на економските оператори, а особено дали се образложени оние предлози и коментари кои не се прифатени и имплементирани во тендерската документација.

 

 

 

Разгледување на доставените прашања од економските органи, утврдување дали врз основа на истите е потребно да се изменат одделни делови од тендерската документација, преглед на спремените одговори

Оваа активност ќе обезбеди:

>>> утврдување дали и покрај посветеното внимание за изработка на тендерската документација, е направена одредена/и грешка/и или пропуст(и) во истата кои би ја отежнале постапката и доколку е потребно да се пристапи кон измена или дополнување на истата;

>>> подготвување на навремени одговори со цел да им се дадат потребните појаснување како би можеле економските оператори да подготват навремени и прифатливи понуди, а договорниот орган да добие што е можно поголем број на понуди и врз основа на фер конкуренција да се избере најповолната.

 

 

 

Евалуацијата на понудите

Оваа активност ќе обезбеди:

>>> совет дали задолжително треба да се бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите. Дали тоа што недостасува може или не дополнително да се побара. Со барањето на дополнително појаснување да не се нарушат начелата на еднаков третман и недискриминација на економските оператори. Дали доставената документација како и дополнително побараната е валидна или не. Дали понудата содржи невообичаено ниска цена и дали е потребно да се бара објаснување, како и дали даденото објаснување ја оправдува дадената цена. Дали увидениот недостаток ја прави понудата неприфатлива.

 

 

 

Подготовка на одлука за избор или одлука за поништување и известување за понудувачите

Оваа активност ќе обезбеди:

>>> совет во врска со одлуката која треба да се донесе, независно дали станува збор за одлука за избор или одлука за поништување на постапката. Да се обезбеди одлуката да е во согласност со пропишаните одредби, а ако станува збор за одлука за поништување правилно да се утврди основот за поништување на постапката.    

 

 

 

Подготовка на одговор по жалба (во случај на жалба)

Оваа активност ќе обезбеди:

>>> совет за договорниот орган како во одговорот по жалба да ги докаже фактите и околностите врз основа на кои ја донел својата одлука, презел дејствија или пропуштил да преземе дејствија во реализација на постапката за јавна набавка која е предмет на жалбена постапка.

 

 

 

Реализацијата на договорите за јавна набавка

Оваа активност ќе обезбеди:

>>> совет за договорниот орган дали може да се пристапи кон измена на договорот без да се спроведе постапка;

>>> совет дали може да се дозволи барањето на понудувачот да ги замени подизведувачот;

>>> совет дали се исполнети условите за раскинување на договорот и издавање на негативна референца и

>>> утврдување дали се исполнети условите за измена на договорот за време на неговата важност и др.

 

 

 

Оформување на досие од спроведената постапка

Оваа активност ќе обезбеди:

>>> совет за договорниот орган по завршување на постапката да оформи доси, кое во зависност од постапката ќе ги содржи сите потребни документи.

 

 

 

Изработка на интерни процедури за спроведување на јавните набавки

Оваа активност ќе обезбеди:

>>> совет за договорниот орган како запазувајќи ги барањата кои произлегуваат од системот за управување на квалитет да изработи интерна процедура за спроведување на јавните набавки и да обезбеди дека процесот на спроведување на набавките е контролиран.

 

 

 

Интерни процедури за набавките кои се исклучени од опфатот на законот

Оваа активност ќе обезбеди:

>>> совет за договорниот орган како запазувајќи ги барањата кои произлегуваат од системот за управување на квалитет да изработи интерна процедура за спроведување на јавните набавки на кои законот нема да се примени поради нивната проценета вредност, не прекршувајќи ја забраната која ја воведува законот за висината на истите.

 

 

 

Цена

 

Месечен паушал од 45.000 + 18% ДДВ

Месечен паушал од 65.000 + 18% ДДВ

Месечен паушал од 90.000 + 18% ДДВ