Јавни набавки - консултации и подготовка на документација
- Подготовка на Годишен план за јавни набавки, негово менување и дополнување;
- Изработка на акти со кои се утврдува потребата од конкретни набавки (одлука за јавна набавка), нивно менување и дополнување;
- Подготовка на тендерска документација;
- Анализа на дадени предлози во фазата на технички дијалог и утврдување на оние кои ќе треба да се имплементираат;
- Разгледување на доставените прашања од економските органи, утврдување дали врз основа на истите е потребно да се изменат одделни делови од тендерската документација, преглед на спремените одговори;
- Евалуацијата на понудите;
- Подготовка на одлука за избор или одлука за поништување и известување за понудувачите;
- Подготовка на одговор по жалба (во случај на жалба);
- Реализацијата на договорите за јавна набавка и
- Оформување на досие од спроведената постапка.
- Изработка на интерни процедури за спроведување на јавните набавки;
- Интерни процедури за набавките кои се исклучени од опфатот на законот.
- Усни/писмени консултации;
- Анализа на огласот за јавна набавка и тендерската документација;
- Подготовка на предлози за измена/дополнување на тендерската документација при спроведување на технички дијалог и анализа на дадените одговори;
- Подготовка на прашања за разјаснување на делови од тендерската документација и анализа на дадените одговори;
- Подготовка на документацијата за учество во постапката за јавна набавка;
- Изработка на „чек листа“ – листа на потребна документација и сите услови (општи и дополнителни) потребни за учество во конкретната постапка за јавна набавка;
- Помош при составување на група на понудувачи со цел учество во постапката;
- Помош во избор на субјекти кои ќе бидат техничка поддршка или подизведувачи на дел од договорот за јавна набавка;
- Анализа на одлука за избор и/или одлуката за поништување на постапката;
- Подготовка на жалба;
- Реализацијата на договорот за јавна набавка, негово менување (анексирање) или раскинување;
- Укажување на ситуациите кои можат да доведат до издавање на негативна референца и/или активирање на средставата за обезбедување.