Почетна » Услуги » Сметководствени услуги

Конто Профит е лиценцирано друштво за сметководствени работи (лиценца бр. 710045)

Микро, мали или средни претпријатија, непрофитни организации (здруженија) или фондации - Зошто би одбрале да одржувате внатрешна сметководствена единица во Вашата компанија во еден бизнис свет во кој outsourcing станува норма? Ние сме дел од синџирот на додавање вредност на голем број на трговски друштва и непрофитни организации од Македонија.

Точно, прецизно, комплетно, сеопфатно, навремено евидентирање на настаните согласно со, во Македонија усвоените МСС и МСФИ е наша работа, додека на Вас останува да се фокусирате на успехот на Вашата органиација!

Кај нас можете да добиете услуги со највисок квалитет:

  • финансиско сметководство и известување согласно МСС и МСФИ
  • пресметка на плати
  • даночни совети и даночни извештаи

Во продолжение презентираме табела со минимални ориентациски месечни цени за барани сметководствени услуги (вистински понудените цени по поднесениот прашалник за понуда може да варираат).

Цените се однесуваат на финансиско сметководство, евиденција на деловните настани врз основа на достапната документација, пресметки на плати и поднесок на ДДВ-04 пријава во соодветен рок.

За изработка на годишна сметка и финансиски извештаи согласно ЗТД и поднесок на соодветен даночен биланс согласно Законот за данок на добивка се наплаќа 13-ти годишен надомест, во износ најмалку колку што е месечниот договорен надомест. Сите дадени цени се без вклучен ДДВ.

Сите цени се ориентациски, додека за реална понуда потребно е да го објасните Вашиот бизнис модел, обемот на сметководствена документација, нејзината комплексност како и даночните импликации од вашата работа.

Доколку би сакале да Ви доставиме конкретна понуда за водење на сметководствена евиденција од наша страна, Ве молиме пополнете го овој формулар

Фактори кои влијаат на пресметката која и претходи на реално понудената цена, меѓу другите, се и:

  • Број на домашни влезни ф-ри и увози
  • Број на излезни ф-ри
  • Организациска форма: трговско друштво, ПЗУ, здружение, трговец поединец, вршител на дејност и сл.
  • Книговодствени трговски документи и дополнителни услуги: материјално сметководство, генерирање на ПЛТ и ЕТ, барани менаџерски извештаи и сл.
  • Број на фискални каси
  • Број на продажни локации (магацини или малопродажни објекти), односно број на подружници
  • Број на вработени
  • Рочност за ДДВ (месечен или тримесечен ДДВ обврзник)
  • Комплексноста на даночните импликации на дејноста
  • Дејност (услуги, производство, трговија, градежништво, НПО, буџетски корисник или буџетска единица и сл.)
  • Број на банкови изводи (денарски и девизни)
  • Број на фукнционални трансакциски сметки во комерцијални банки
  • Просечен број на редови во еден банков извод
  • Број и комплексност на останата документација која треба да биде сметководствено третирана итн.

Ценовник за дополнителни финансиско-даночни извештаи, поднесоци и административни услуги

Дополнителни услуги кои може да Ви ги понудиме Цена без ДДВ
Пријава во/одјава од редовен работен однос во АВРМ 850 ден.
Услуги поврзани со ФЗОМ / ПИОМ 850 ден.
Отворање на боледување 2.000 ден.
Е-ПДД: Поднесок на електронска пријава за ПДД за до 3 лица 600 ден.
Е-ПДД: Дополнително за секое наредно лице во пријава 300 ден.
Поднесок на ДДВ-01/ДДВ-01Б во УЈП и постапка за регистрација/дерегистр. за цели на ДДВ 3.500 ден.
Поднесок на ДДВ-ПЕФ-ДО (странски проекти)  2.500 ден.
Поднесок дополнителни извештаи во ДДВ-04 врзани со чл. 32-а од ЗДДВ (до 3 вл. / изл. ф-ри) 720 ден.
Внес на податоци за секоја дополнителна ф-ра врзана со чл. 32-а од ЗДДВ (над 3 вл. / изл. ф-ри) 200 ден.
Постапка за пребивање на даноци / преземање на даночен долг  4.000 ден.
Теркови за акти / одлуки / решенија / договори 3.000 ден.
Извештаи за завод за статистика / НБРМ / останати државни органи и институции 3.500 ден.
Менаџерски извештаи и дополнителни анализи за потребите на клиентот 6.500 ден.
Чување на класери по завршување на пресметковна год. (по класер, по месец, за неподигнати док. по 30.4) 720 ден.
Корекција на даночни поднесоци / МПИН 2.000 ден.
Принтање на електронска документација за цели на сметководствена евиденција (по лист) 50 ден.
Оперативни услуги (пишување вирмани, пополнување формулари и сл.) 500 ден.

Дозволете ние да се погрижиме за Вашата сметководствена евиденција! Овде во Конто Профит, сметководството е многу повеќе од ажурна евиденција за состојбите во вашите трговски книги, уредно пополнети даночни пријави, платни листи и годишни сметки и финансиски извештаи сметки.

Овде финансиското сметководство е основата на која се пресметуваат сите релевантни показатели и се прават анализи на работењето.

Врз основа на анализите, подоцна по склопувањето на билансните шеми, на управувачките тимови на клиентите им се нудат предлози за подобрување на финансиските резултати во наредните периоди. Сметководствената анализа на финансиските извештаи е неопходна менаџерска алатка за нормално работење на деловните субјекти. А реални податоци во финансиските извештаи се резултат на правилно водење на сметководство.

Уредното, ажурно, сеопфатно и комплетно сметководство е основата за носење на одлуки за секој претприемач. Со нас секогаш ќе имате база за рационална одлучување а нашите совети ќе бидат основа за вашето даночно и деловно планирање!