петок, април 10, 2020
Почетна » Услуги » Регистрација на трговски друштва и здруженија

Регистрација на правни лица, оперативни услуги и почетни совети

Искористете ги поволностите кои ги овозможува Законот за трговски друштва за регистрација на фирма преку регистрациски агент – Конто Профит ДООЕЛ Скопје нуди услуги од областа на регистрацијата на деловни субјекти (основање, односно упис во соодветниот регистар на трговско друштво, непрофитна организација и на други организациски облици).

Услугите кои ги нудиме опфаќаат:

  • Подготовка на основачкиот акт на организацијата (договор / изјава / статут) – 9.500 денари + 18% ДДВ;
  • Упис во соодветниот регистар на Централниот Регистар на Македонија, до добивање на Решение за упис – 3.500 денари + 18%;
  • Посредување и помош во постапката за отворање на трансакциска и девизна с-ка во банка по Ваш избор – 1.500 денари + 18% ДДВ;
  • Регистрација за целите на ДДВ (поднесок на ДДВ 01 пријава) – 3.000 денари + 18% ДДВ;
  • Дополнителни регистрации, пријави и поднесоци (НБРМ, државен пазарен инспекторат, државен инспекторат за труд, дополнителни поднесоци за ЦРМ, упис во занаетчиски комори и сл.) – 3.500 денари + 18% ДДВ по поднесок;
  • Доколку во сопственичката и управна структура на организацијата учествуваат странски физички или правни лица комплетната процедура која ги опфаќа претходните пет точки и дополнителните трошоци околу превод на неопходната документација, поштенски услуги и обезбедување на печати чини од 600 до 1.000 евра, во зависност од бројот на лицата и во зависност од тоа дали се работи за правни или физички лица.

Пред да се пристапи кон процесот на регистрирање на фирма потребно е да се пополни овој прашалник.

Добар даночен советник е тука да се погрижи да Вашата фирма во државната каса го уплати само она што мора да го уплати – и ни денар повеќе, ни денар помалку. Како добар менаџер Вие секако немате време да ги следите сите законски промени во областа на даноците. Затоа тука сме ние! Со нас секогаш ќе имате база за рационална одлучување а нашите даночни совети ќе бидат основа за вашето даночно и деловно планирање. Со нас ќе имате на располагање повеќе од 20 ГОДИНИ ИСКУСТВО ПРИ ДАВАЊЕ ДАНОЧНИ И ПРАВНИ СОВЕТИ ВО ВАША СЛУЖБА!

  • правни и даночни совети при регистрација
  • даночен консалтинг, постапки и извештаи: ДДВ, данок на личен доход, данок на добивка
  • оперативни работи поврзани со банкарско работење

Луѓето кои основаат микро или мали трговски друштва кај нас најчесто имаат само една единствена цел. А тоа е што поскоро да се заврши со работата околу основањето така што тие ќе можат да почнат да работа.

Во целото брзање постои ризик да се испуштат од вид многу важни одлуки: паричен или влог во материјални средства, мора или не мора веднаш да станат обврзници за целите на ДДВ, колкави ќе бидат трошоците за минимум еден вработен, колку се стапките на данок на добивка и данок на личен доход… е за тоа-потоа. Последиците, материјалните, финансиските штети, немирот и сл., доаѓаат подоцна. Наша цел е да не дозволиме овие луѓе да бидат непријатно изненадени и да се изложуваат на излишни трошоци уште од почетокот на работењето.

Во спротивно, постои опасност уште од стартот да го изгубат моралот за работата прикажувајќи загуби, нерентабилно и непрофитабилно работење, неликвидност и сл. Бидете сигурни дека со добар совет и почетна анализа, со малку повеќе труд, ум и трпение, домашните претприемачи можат да го остварат и почетниот профит. Странските основачи на трговски друштва имаат сосема поинаков однос кон овие работи. Тие не прават нити еден чекор, без да обезбедат добар консултант, добар сметководител и добар даночен советник за својот иден или тековен бизнис.