Почетна » Услуги » Консалтинг услуги

Даночен консалтинг и даночно планирање

За да се снајдете низ лавиринтите на даночната регулатива Ви треба добар даночен консултант!

Ние ви нудиме комплетни tax compliance услуги: регистрации за даночни цели, даночни постапки, даночни пресметки и даночно известување, поврзани со данокот на додадена редност, данокот на добивка и данокот на личен доход. Со нас секогаш сте во тек со последните законски промени и имате стабилна основа на која ќе ги носите Вашите планови за наредниот период.

За сите позначајни промени ги известуваме нашите клиенти, партнери и соработници така што тие ќе имаат информации на кои можат да се потпрат!

"... In this world nothing can be said to be certain, except death and taxes." - Benjamin Franklin,1789

Бенџамин Френклин уште пред повеќе од 2 векови бил свесен за неизбежноста на собирањето на даноците. Избегнете непотребни грешки во постапки и процедури, неточно пресметани даночни обврски и грешки во даночното планирање. Со нас секогаш ќе имате сигурна основа за Вашите одлуки!

Финансиски консалтинг, интерни анализи и извештаи

Сакате да дознаете кои активности и процеси може да се дизајнираат поефикасно и поефективно? Кои трошоци може да се скратат? Што може да направите за дополнително да унапредите Вашиот бизнис и да ги задоволите потребите на Вашите потрошувачи? Дали доволно брзо ги продавате производите на залиха? Дали постои поволен однос помеѓу плаќањето на обврските кон кредиторите и наплатата на побарувањата од клиентите? Колку сте задолжени? Дали сте ликвидни?

Правилни деловни одлуки се носат само со помош на детални анализи. А верувајте, она што Ви е потребно за добра анализа, е добар деловен консултант! Преку детална анализа на Вашите финансиски извештаи може да Ви помогнеме да најдете одговори на многу од горенаведените прашања.

Единствениот пат напред е преку детална анализа – само така ќе дојдете до податоците потребни како инпути при донесувањето на одлуки. Ви нудиме:

  • Совети за финансиска конструкција на деловни зафати, совети при кредитирање
  • Анализа на финансиски извештаи и пресметка на клучните индикатори на деловните перформанси
  • Совети за управување со трошоците, расходите, приходите и профитот од работењето, и нивно влијание на даночните оптоварувања на фирмата

Дизајн на деловни системи: процеси, постапки и автоматики

Планирате да воведете нов ERP систем за администрирање со сите деловни процеси од прием на нарачка за Вашите производи преку набавка на материјали па до продажба? Во тој случај потребен Ви е business side консултант за дефинирање на сите деловните процеси и активности, документите со кои ќе резултира секој процес, како и дефинирање на податоците кои треба да ги содржи документацијата која ќе се генерира. И најскапото софтверско решение нема да Ви ги донесе посакуваните резултати без консултант кој ќе ги дефинира сите автоматизирани процеси кои ќе работат во позадина и врз основа на кои ќе се генерираат податоците во Вашата сметководствена евиденција и финансиските извештаи.

Ви треба совет при воведување на сметководствен, магацински, софтвер за прерсметка на плата или комплетен ERP софтвер?

  • Консултантски услуги при имплементација на сметководствени, магацински (материјално и трговска книга) и ERP системи (системи за деловно работење);
  • Мапирање на софтверски автоматики: документи, книжења, финансиско известување, даночно известување и интерни извештаи;
  • Совети при системско редизијанирање на организационата структура кај деловните клиенти;
  • Советувања при имплементација на бази на податоци, креирање на знаење од податоците во базите, менаџирање со знаењето и зголемување на ефикасноста во работењето.

Буџетирање на проекти и активности

Консултации при подготовка на буџети за изведба на проекти

  • Консултации и совети при буџетирање на различни активности;
  • Мапирање на трошочни ставки и поврзување на трошочни места со сметководствена евиденција;
  • Планирање на временски распоред на приходи и покриеност на расходи.

Совети при финансирање на капитални инвестиции

Размислувате за капитални инвестиции и големи проекти? Немојте да чекорите во темно!

Издржан инвестициски план со проекции на готовински текови, рентабилност и очекуван поврат на инвестицијата со предвидена временска рамка се првиот чекор!

Сценарио анализа, SWOT анализа, матрицата на Boston Consulting Group и на General Electric, probability-impact моделот и други алатки ќе бидат ставени во функција на максимизирање на вредноста на Вашите вложувања и минимизирање на ризикот од неуспех!

Портфолио менаџмент и лични финансии

Ваш личен консултант!

Животот денес може да биде многу хаотичен и збунувачки. Тоа што сте успешен во она што го работите не значи дека мора да сте финансиски експерт.

Како да ги избегнете замките, да ги диверзифизирате ризиците а да го оплодите Вашиот капитал и да обезбедите принос од животната заштеда?

Инвестициски фондови, трет столб, акции, земјиште и недвижнини, банкарски депозити и многу други опции може да Ви изгледаат примамливо, но за вистински избор најдобро е прво да зборувате со добар финансиски консултант!

Без разлика дали сте претприемач или вработено лице - ние Ви стоиме на располагање за Вашиот личен портфолио менаџмент со нашата широка група соработници!

finance-growth-2

Цена на консалтинг услуги

Специфичните консалтинг услуги, кои се даваат по конкретни барања од страна на клиентот и се однесуваат на претходно најавени теми за дискусија се наплаќаат по цена од 6.500 денари по час, нето (цената вклучува и подготовка на евентуално потребни материјали од релевантната законска регулатива а кои се важни за консалтинг сесијата). Дополнително, по потреба и по барање на клиентот безбедување на писмени мислења за разни деловни дилеми чини 9.000 денари.

Консалтинг сесиите се одржуваат со физичко присуство или преку Online платформи, зависно од потребите и желбите на клиентот.

Специфичните консалтинг услуги во поголем обем може да се договорат и во форма на месечен паушал.

Во однос на генералните консалтинг услуги за општи телефонски или mail консултации со годишна претплата за пристап до написите и известувањата од базата на нашата Веб страница тие не наплаќаат на годишно ниво. Актуелната понуда за годишна претплата може да ја најдете во делот од страницата наменет за последни понуди.