БИДЕТЕ КОМПЛЕТНО ОБУЧЕНИ – ВЛОЖЕТЕ во ВАШАТА ИДНИНА и НАУЧЕТЕ од ОНИЕ кои ВЕЌЕ 20 ГОДИНИ НЕСЕБИЧНО го ПРЕНЕСУВААТ ЗНАЕЊЕТО!
ПАКЕТ од ТРИ ОБУКИ во ТРАЕЊЕ од 12 НЕДЕЛИ (Практично сметководство, Напредно сметководство и Финансиска анализа). Се започнува со обуката за Практично сметководство на 3.10 (понеделник), а потоа се апсолвираат обуките за Напредно сметководство и Финансиска анализа. Последниот час од пакетот од трите обуки ќе се одржи најдоцна до 29.12 (среда).
Пакетот ги опфаќа следните теми:
- 💵 сметководствена евиденција на секојдневни (влезно-излезна документација кај друштва кои се бават со давање на услуги, трговија на големо и мало, од основање на фирма па до поднесок на биланс на состојба и на успех) и специфични настани (капитални добивки и загуби од продажба на основни средства, растур, кало, крш и расипување, производство, градежништво, лизинг и сл.),
- 📚 осврт на даночната регулатива и релевантните даночни извештаи (данок на личен доход и спецификите на прогресивното оданочување на разни видови на доход, данок на добивка и пресметка на даночна основа со непризнати расходи, пресметка на обврска за данок и месечна аконтација за данок, ДДВ со сите негови карактеристики, поднесок на даночен биланс за данок на добивка, даночен биланс на вкупен приход и на ДДВ-04 пријава),
- ⚖ предглед на законската рамка поврзана со Законите за трговски друштва, Законот за трговија, Законот за работни односи, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување како и
- 📊 употреба на Ексел како алатка за анализа на финансиски извештаи преку практични примери!
💶Цена:
За уплата на рата од 3.500 денари до 31.8.2022 цената е 18.500 денари;- За уплата на рата по 1.9.2022 цената е 19.500 денари (💥актуелна понуда💥)!
☎ За повеќе инфо контактирајте не на 070 22 11 65 или на 609 1551 или на [email protected].
Повеќе за секоја од трите обуки во пакетот може да најдете тука: