Со пролетниот циклус од обуката за практично сметководство почнуваме од понделник, 4.3.2024. Искористете ја можноста огромен попуст со рана уплата!
Обука чија програма, цели и методи на спроведување се перфектно складни со потребите на сите оние кои сакаат да градат кариера во модерниот деловен свет и кои во своите работни активности имаат допир со административни работи, сметководствено, финансиско, матерјално работење, човечки ресурси и пресметки на плати, даноци и општи канцелариски работи:
- претприемачи, самовработени лица и сопственици на мали бизниси,
- управители и менаџери,
- банкарски и финансиски работници,
- административци и кацелариски персонал,
- студенти на бизнис, економија, администрација и
- секој оној кој сака да се преквалификува или да го дополни знаењето со темите кои ќе бидат опфатени!
- 📅 Термини: пролетниот циклус почнува од 4.3.2024 и е предвидено да трае до 14.5.2024 со предавања организирани во групи во различни термини од 18:00 и 17:00 (два блок часа неделно);
- 💰 Цена:
11.500 денари за уплата до 31.12.2023. За искористување на попустот доволно е да се уплати рата од 3.500 денари;12.500 денари за уплата до 31.1.2024. За искористување на попустот доволно е да се уплати рата од 3.500 денари;13.500 денари за уплата до 1.3.2024. За искористување на попустот доволно е да се уплати рата од 3.500 денари;- 15.000 денари за уплата по 1.3.2024 (💥 актуелна понуда 💥).
- 📢 Начин на следење: хибридно, по желба на слушателот, можно е и физичко присуство но и Online следење (Skype + YouTube Stream). Времетраењето на обуката е 10 недели, интензитетот на предавање е две предавања неделно а едно предавање трае помеѓу 90 и 120 минути.
Прочитајте повеќе за обуката за практично сметководство тука или јавете се на 070 22 11 65.
Работни материјали и прирачник
📖Обуката за практично сметководство е придружена со соодветен прирачник со работни материјали со реални примери и документи од околу 200 страници!
Начин на изведување
💻Обуката се изведува на табла и на компјутер и во текот на обуката ќе биде обработена типична сметководствено-финансиска документација за едно македонско микро друштво.
Обуката може да се следи хибридно: со физичко присуство или Онлајн (преку Скајп и Јутуб), по избор на слушателот.
Тематски целини
📌Во текот на обуката, освен конкретна евиденција на сметководствени настани, ќе опфатиме и теми поврзани со:
- Законот за трговски друштва,
- Законот за вршење на сметководствени работи,
- Кус осврт на Законот за сметководство на непрофитни организации и Законот за сметководство на буџети и буџетски корисници,
- Законот за ДДВ,
- Законот за данок на личен доход (утврдување на даночна основа, концепт на прогресивен данок и рамен данок и пресметка на аконтации и оданочување на некои видови доходи),
- Законот за данок на добивка (утврдување на даночна основа, оданочување на дивиденди, непризнати расходи и вкупни приходи, пресметка на аконтации),
- Запознавање со системите на УЈП (електронско поднесување на даночни пријави),
- Пресметки на плати и надоместоци за вработените и нивен правилен даночен третман и запознавање со Законот за работни односи и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Сертификат
📜По завршување на обуката секој слушател ќе добие сертификат за успешно завршена обука.
Предавач и контакт
За повеќе инфо контактирајте не на 070 22 11 65 или на 609 1551 или на [email protected].
Предавач на обуката е м-р Благоја Грозданов, одговорно лице на Конто Профит и член на УО на Комората на сметководители, со повеќе од десет години искуство во областа.
❗За сите оние пак кои сакаат да нурнат подлабоко во водите на сметководството, финансиите и даноците…
Пакет обуки пролет 2024: 3️⃣ обуки, 3️⃣ прирачници, 3️⃣ месеци (хибриден модел со физичко присуство и Online следење)
БИДЕТЕ КОМПЛЕТНО ОБУЧЕНИ – ВЛОЖЕТЕ во ВАШАТА ИДНИНА и НАУЧЕТЕ од ОНИЕ кои ВЕЌЕ 20 ГОДИНИ НЕСЕБИЧНО го ПРЕНЕСУВААТ ЗНАЕЊЕТО!
ПАКЕТ од ТРИ ОБУКИ во ТРАЕЊЕ од 12 НЕДЕЛИ (Практично сметководство, Напредно сметководство и Финансиска анализа).
Се започнува со обуката за Практично сметководство на 4.3.2024 (понеделник), а потоа се апсолвираат обуките за Напредно сметководство и Финансиска анализа. Последниот час од пакетот од трите обуки ќе се одржи најдоцна до 7.6.2024 (петок).
Пакетот ги опфаќа следните теми:
📝 сметководствена евиденција на секојдневни (влезно-излезна документација кај друштва кои се бават со давање на услуги, трговија на големо и мало, од основање на фирма па до поднесок на биланс на состојба и на успех) и специфични настани (капитални добивки и загуби од продажба на основни средства, растур, кало, крш и расипување, производство, градежништво, лизинг и сл.),
📚 осврт на даночната регулатива и релевантните даночни извештаи (данок на личен доход и пресметките при оданочување на разни видови на доход, данок на добивка и пресметка на даночна основа со непризнати расходи, даночни намалувања и намалувања на пресметаниот данок, пресметка на обврска за данок и месечна аконтација за данок, ДДВ со сите негови специфики, поднесок на даночен биланс за данок на добивка, даночен биланс на вкупен приход и на ДДВ-04 пријава),
📖 предглед на законската рамка поврзана со Законите за трговски друштва, Законот за трговија, Законот за работни односи, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување како и
📊 употреба на Ексел како алатка за анализа на финансиски извештаи преку практични примери!
💰 Цена за пакетот од три обуки: 19.500 денари (💥актуелна понуда!💥).
☎ За повеќе инфо контактирајте не на 070 22 11 65 или на 609 1551 или на [email protected].
Повеќе за секоја од трите обуки во пакетот може да најдете тука: