Втората еднодневна Online обука (8 часа) за КПУ за 2026 година ја планираме за 9.6 (вторник), во термин од 9:00 часот. И овој циклус го ко-организираме во форма на Online обука заедно со колегите од Глобал Гроуп Консалтинг (mojkonsultant.mk). Формулар за пријава ќе најдете најдолу на страницата.
Термин: 9.6.2026 (вторник), од 9:00
Начин на следење: Online (Zoom + YouTube), со обезбедена снимка и електронски материјали за последователно повторување на предаваното. Zoom линк ќе биде пратен на мејл на пријавените учесници и дополнително ќе биде објавен на оваа страница, најдолу, на утрото кога ќе се одржува обуката.
Упатство за приклучување ќе добијат сите пријавени на мејл.
Теми и агенда:
*** Агендата е предмет на одобрување од страна на ИСОС и во тој контекст може да претпри дополнителни измени до денот на одржување на обуката. При изготвување на агендата и конципирање на темите предвид ја имаме последно одбрената Програма за КПУ на ИСОС (може да ја преземете со клик на следниот линк).
Предавачи:
- М-р Симона Павловска,
- М-р Јани Павловски,
- М-р Благоја Грозданов,
- Гостин, експерт од областа на даноците со кој ќе се обидеме да ги разрешиме Вашите дилеми во областа на материјалните даночни закони!
Цена: Цената изнесува вкупно 2.000 денари + 18% ДДВ, односно вкупно 2.360 денари по слушател. Уплатата се врши на една од трансакциските сметки на организаторите, по пополнета и испратена пријава за посета на обуката на формуларот кој може да го најдете на Веб страниците и по издадена фактура.
Податоци за уплата:
- Примач: Конто Профит ДООЕЛ Скопје, Бул. Ј. Сандански 79а, локал 10, Скопје;
- Трансакциски сметки:
- 300-0000014524-17, Комерцијална Банка АД Скопје;
- 210-0560987901-48, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
- Цел на дознака: КПУ 2/2026 за *Име на лице и број на лиценца*.
Формулар за пријава:
Линк за приклучување кон КПУ 2/2026 обуката на 9.6.2026, од 9:00: https://us05web.zoom.us/j/85038906831?pwd=fr6ObUZXD82bQjdLLDUpbP43sAJkEs.1







