КПУ 2/2023 ќе го спроведеме како еднодневна обука со можност за хибридно следење (можност и за физичко присуство и за Online следење) и истиот ќе носи 8 часа за КПУ во 2023 година. Семинарот е закажан за 19.4.2023 (среда), од 9:00 часот.
📅Термин
19.4.2023 (среда) од 9:00.
💻Начин на следење
Хибридно – може самите да одберете дали сакате да следите со физичко присуство или да следите Online. Online присуството ќе се овозможи преку Skype и дополнително преку YouTube stream, со обезбедена снимка за последователно повторување на материјата. Упатство за приклучување ќе добијат сите пријавени кои ќе одберат да следат Online.
🏨Локација за физичко присуство
Хотел DoubleTree Hilton, Скопје, Аеродром (кеј на Вардар).
📰Теми и агенда
- Немонетарни користи за вработените (службени возила за приватни цели) – даночен третман од аспект на ДЛД и ДД – 1 час,
- Животно осигурување – даночен третман од аспект на ЗДЛД и ЗДД во 2023 – 1 час,
- Нормативен, даночен и сметководствен третман на настаните кај физичките лица – вршители на стопански дејности (ТП и СВД) – 1 час,
- ДДВ, фокус на конкретни практични примери во следните ситуации – 2,5 часа:
- ДДВ при увоз,
- Примена на повластени стапки на ДДВ,
- Мешовит промет,
- Примена на Reverse Charge механизмот во пракса.
- Работни односи, нормативно уредување на платите согласно важечката законска рамка и колективните договори и уредување на останати права од работен однос, со пресметки и даночен третман во разни ситуации – 2,5 часа:
- Нормирање на платата (основна плата, додатоци и дел од плата за работна успешност),
- Минимална плата,
- Надоместување на трошоци поврзани со работа,
- Креирање на систем на плати во компанијата – како до ефикасен и флексибилен систем на плати?
💶Цена
Цената изнесува вкупно 2.000 денари + 18% ДДВ, односно вкупно 2.360 денари по слушател за еднодневната обука. Уплатата се врши на една од нашите трансакциски сметки, по пополнета и испратена пријава за посета на обуката на формуларот подолу и по издадена фактура од наша страна.