Прво КПУ во 2024 година, со акцент на подготовката на годишни сметки, финансиски извештаи и даночен биланс за 2023.
🔜 Првата дводневна Online обука (2 дена по 8 часа, или вкупно 16 часа) за КПУ за 2024 година ја планираме на 29 и 30.1 (понеделник и вторник), во термини од 9:00 часот.
Понатаму, во текот на годината планираме и спроведување на обуки за КПУ со физичко присуство.
Термини
📆 29.1 и 30.1 (понеделник и вторник) од 9:00.
Начин на следење
💻 Online (Skype + YouTube stream), со обезбедена снимка за последователно повторување на материјата. Упатство за приклучување ќе добијат сите пријавени.
Теми и агенда *
- МСС 16 и Оддел 17 од МСФИ за МСЕ: Недвижности, постројки и опрема, пресметка на амортизација и расходување и даночен третман од аспект на Законот за данок на добивка: 1,5 час (60 минути);
- Подготовка на ГС и ФИ (биланс на состојба, биланс на успех, извештај за парични текови и извештај за промени во капиталот), примена на ексел за проверка на извештаите и подготовка на ДБ за 2023 година (осврт на непризнатите расходи, утврдување на даночна основа, намалување на даночната основа, намалување на пресметаниот данок итн.): 3 часа (120 минути);
- Поднесок на ДБ-ВП: ½ час (20 минути);
- Подготовка на ДБ-ВП/НП: ½ часа (20 минути);
- Пресметка на плати и надоместоци во 2024: 1 час (40 минути);
- Организирана исхрана и превоз во 2024 година – нормативен и даночен аспект (ЗДДВ, ЗДД и ЗДЛД): 1 час (40 минути);
- Поднесок на последна ДДВ пријава во годината: 1 час (40 минути);
- Промена на претходен ДДВ (член 22): 1 час (40 минути);
- Промет кон ТИРЗ од аспект на ДДВ: 1 час (40 минути);
- ДДВ во постапка за присилна наплата и присилно извршување: 1 час (40 минути);
- Ангажирање на физички лица за привремени и повремени работи (договори за дело и авторски договори) и менаџерески договори – нормативен и даночен третман: 2 часа (80 минути);
- Закон за даночна постапка и примена на материјални даночни закони во пракса: 2,5 часа (100 минути).
* Во случај на објава на релевантни законски новини го задржуваме правото на измена на темите кои ќе ги опфатиме во агендата.
Цена
💶 Цената изнесува вкупно 4.000 денари + 18% ДДВ, односно вкупно 4.720 денари по слушател за дводневната обука. Уплатата се врши на една од нашите трансакциски сметки, по пополнета и испратена пријава за посета на обуката на формуларот подолу и по издадена фактура од наша страна.
Податоци за уплата:
- Примач: Конто Профит ДООЕЛ Скопје, Бул. Ј. Сандански 79а, локал 10, Скопје;
- Трансакциски сметки:
- 300-0000014524-17, Комерцијална Банка АД Скопје;
- 210-0560987901-48, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
- Цел на дознака: КПУ 1/2024 за *Име на лице и број на лиценца*.
Формулар за пријава
📝 За да се пријавите пополнете го формуларот подолу: