Планирањето на поголема инвестиција не завршува со одлуката што и колку ќе се инвестира. Потребно е навреме да се разгледаат структурата на проектот, начинот на финансирање, оправданите инвестициски трошоци, динамиката на реализација и можностите за користење на расположливите форми на државна поддршка.

Конто Профит обезбедува стручна поддршка при планирање, анализа и операционализација на инвестициски проекти, вклучително и проекти на корисници на технолошко-индустриски развојни зони и проекти за кои се разгледува финансиска поддршка согласно домашната регулатива.

Што опфаќа услугата?

Зависно од фазата во која се наоѓа проектот, ангажманот може да опфати:

  • иницијална анализа на инвестициската идеја и структурата на проектот;
  • идентификација на потенцијално применливи форми на државна поддршка;
  • анализа на условите кои треба да ги исполни инвеститорот;
  • анализа и класификација на планираните инвестициски трошоци;
  • планирање на динамиката на инвестицијата и изворите на финансирање;
  • финансиски проекции и анализа на ефектите од инвестицијата;
  • подготовка и организација на податоци и документација потребни во постапката;
  • следење на реализацијата во однос на преземените договорни обврски;
  • анализа на финансиски, сметководствени и даночни импликации поврзани со користењето на поддршката;
  • поддршка при годишно документирање и следење на реализираните оправдани трошоци;
  • координација на финансиските и сметководствените аспекти на проектот со останатите правни, технички и оперативни активности.

Корисници на ТИРЗ

Кај инвестициите во технолошко-индустриските развојни зони, посебно внимание се посветува на условите под кои се реализира инвестицијата, договорите за доделување државна помош, оправданите инвестициски трошоци, даночните ослободувања и исполнувањето на преземените обврски.

Финансиска поддршка на инвестиции

Законот за финансиска поддршка на инвестиции предвидува повеќе форми на поддршка, меѓу кои поддршка поврзана со нови вработувања, технолошки развој и истражување, инвестициски проекти од значаен економски интерес, пораст на капиталните инвестиции и приходите и други форми утврдени со закон.

Пред започнување на постапката е важно да се утврди дали конкретниот деловен субјект и планираниот инвестициски проект ги исполнуваат релевантните услови и кои трошоци можат да бидат третирани како оправдани инвестициски трошоци.

Исто толку важно е проектот да се следи и по одобрувањето на поддршката, затоа што користењето државна помош најчесто е поврзано со обврски за реализација и одржување на инвестицијата, работните места и другите преземени параметри во определен период.

Закажете консултација

Секој инвестициски проект има различна структура, обем и фаза на реализација, поради што услугата се дефинира индивидуално по иницијален разговор со инвеститорот.

Закажете консултација на:
konto@profit.mk