Порака од основачот
“Навистина најмалку од се би сакал кога некој би не поистоветувал со обична сметководствена фирма или трендовски центар во кои некој, мислејќи дека добива економско-правна логистика за својот бизнис или се обучува, само би си трошел дел од своето скапоцено време. КОНТО ПРОФИТ е многу повеќе од тоа! Јас сум навистина пресреќен со мојот тим и моја најголема желби е колку што е можно повеќе луѓе да профитират од тоа што ние го можеме.
Најдоброто и најубавото нешто, од започнувањето на работа со сопствена компанија е тоа што Вие почнувате самостојно да ја материјализирате визијата на бизнисот за кој сте сонувале, донесувате конечни одлуки и самостојно да судите, што е тоа што е битно за секој Ваш деловен потфат, и воопшто за целиот Ваш бизнис. Вашата материјална и духовна благосостојба се речиси комплетно во Ваши раце. Освен оваа лична сатисфакција, со сопствениот бизнис, Вие сте на добар пат, покрај Вашето, да усреќите и семејства чии членови ќе работат со Вас и ќе ја делат Вашата посветеност кон работата и поставените цели.
За да ја постигнете целта во бизнисот уште во почетокот морате да сте свесни дека, како прво: "за мене сите клиенти ќе имаат еднаков третман и мора да добијат врвна услуга", второ: "кон решавање на неизбежните тековни проблеми ќе пристапувам анлитички, самокритично и со креативен приод", и трето: "на моите соработници постојано ќе им ја јакнам самодовербата потребна да тие да сфатат дека на клиентот можат да му дадат квалитетна услуга".
Мисија, Визија, Вредности
Ваш единствен партнер и комплетен деловен сервис во една бурна и променлива средина: Конто Профит постои за да им овозможи на сите клиенти да се фокусираат на она што најдобро го прават! Концентрирајте се на Вашите главни комптенеции, растот, развојот и оставрувањето на профит и дозволете ние да Ве посоветуваме и да се погрижиме за сите придружни административни работи. Ние Ви нудиме комплетен пакет бизнис услуги кој ги покрива сите потреби на една организација од областа на економско-правниот и финансискиот консалтинг, сметководството, давање на даночни совети, совети врзани со работните односи, застапување пред органите за контрола на УЈП како и мноштво други активности кои Вам би ви одземале скапоцено време и ресурси.
Да достигнеме највисоко и професионално ниво на услуги на Балканот и да станеме водечка куќа за сметководствени и консалтинг услуги и обуки на стручни кадри од областа на даночното, сметководственото и финансиското работење во Македонија која ќе ја има полната доверба не само од деловните клиенти од земјава туку и од странските инвеститори.
Македонска топлина, гостопримство и грижа за успехот на клиентите, Германска упорност и професионализам и Јапонска дисциплина и ефикасност.
Нашиот тим
Ангелко Грозданов
Основач и генерален директорглавен консултант
предавач на обуките за практично сметководство
интерна ревизија на сектор за сметководство
konto@profit.mk
М-р Благоја Грозданов
Оперативен директор, моб.: 070 22 11 65предавач: практично сметководство, напредно сметководство, анализа на финансиски извештаи, КПУ
главен консултант
овластен сметководител
овластен судски вештак (материјално, сметководствено и финансиско работење)
grozdanov_b@profit.mk
Валентина Јанковска
Консултант: сметководство и даноци, моб.: 071 288 855овластен сметководител
даночен консултант
предавач на КПУ
vale@profit.com.mk
Трајанка Ристеска
Консултант: плати и надоместоци, моб.: 072 210 645овластен сметководител
консултант за даночни пресметки при исплати на надоместоци на вработените
калкулации на плати
taci@profit.com.mk
Емилија Арсова Грозданова
Овластен сметководител, моб.: 072 210 644овластен сметководител
даночни пресметки и извештаи
финансиски анализи, планови и извештаи
калкулации на плати
emi@profit.com.mk
М-р Ивана Илиќ
Овластен сметководител и вештак, моб.: 071 246 344овластен сметководител
даночни пресметки и извештаи
калкулации на плати
овластен судски вештак (материјално, сметководствено и финансиско работење)
ive@profit.com.mk
Елена Дончевска Атанасовска
Правни работи, регистрационен агент, моб.: 071 288 844овластен регистрационен агент
оперативни услуги: пријави и одјави на лица во редовен работен однос, посебни постапки, потврди и сл.
правни акти
сметководител
eli@profit.com.mk
М-р Катерина Николова
Сметководителсметководител
асистент при изработка на финансиски и даночни извештаи
М-р Драгана Челева
Вештак и деловен консултантделовен консултант
буџетирање и инвестиции
бизнис планови
овластен судски вештак (материјално, сметководствено и финансиско работење)