Странско правно лице кое врши промет што е предмет на ДДВ во Република С. Македонија, без да има седиште или соодветно деловно присуство во земјата, во одредени случаи своите обврски од областа на ДДВ ги исполнува преку даночен застапник.

Конто Профит обезбедува услуга на даночно застапување која го опфаќа процесот од иницијалната регистрација на странскиот даночен обврзник до тековната ДДВ усогласеност, поднесувањето на даночните пријави и организацијата на плаќањето на даночните обврски.

Како започнува постапката?

Првиот чекор е воспоставување формален однос меѓу странскиот даночен обврзник и даночниот застапник.

За таа цел се подготвуваат договор за даночно застапување и соодветно полномошно.

Зависно од државата на резидентност на странското лице и документацијата која се доставува, може да биде потребна нотарска заверка, апостил и официјален превод на македонски јазик.

Вообичаено се прибираат и документи од странскиот трговски регистар за постоењето на правното лице и овластувањата на лицето кое ја потпишува документацијата.

Добивање даночен број

По оформување на договорниот однос се спроведува постапка пред Управата за јавни приходи за добивање единствен даночен број на странското лице.

Во рамки на постапката се подготвува и поднесува потребното барање, заедно со релевантната документација од странскиот регистар, полномошното и останатите прилози.

Регистрација за ДДВ

Следниот чекор е регистрација на странското лице за целите на ДДВ и определување на даночниот застапник.

Во постапката се подготвува соодветниот образец и документацијата потребна за регистрација, вклучително договорот за даночно застапување, полномошјата, доказ за даночна резидентност и другите документи кои ги бара надлежниот даночен орган.

По завршувањето на регистрацијата, странскиот даночен обврзник добива ДДВ број и преку својот даночен застапник ги исполнува обврските поврзани со македонскиот ДДВ.

Тековна ДДВ усогласеност

Ангажманот не завршува со регистрацијата.

Во текот на работењето странскиот даночен обврзник доставува информации и документација за прометот реализиран во Македонија, како и евентуалните влезни фактури со македонски ДДВ.

Врз основа на добиените податоци, даночниот застапник ја подготвува потребната ДДВ евиденција, ги проверува даночните основи и применетите стапки, ја подготвува и поднесува ДДВ пријавата и го информира клиентот за утврдената даночна обврска.

Кога е применливо, се организира и подготовката на збирните документи и останатата евиденција потребна за правилно документирање на прометот.

Плаќање и комуникација со УЈП

Во зависност од договорениот модел на соработка, клиентот навремено ги обезбедува средствата потребни за плаќање на ДДВ обврската, а даночниот застапник го организира плаќањето и доставува доказ за извршената уплата.

Конто Профит обезбедува и тековна комуникација со Управата за јавни приходи во врска со регистрацијата, даночните пријави и прашањата кои произлегуваат од конкретниот ДДВ третман на трансакциите на странското лице.

Што добива странскиот клиент?

Со ангажирањето даночен застапник клиентот добива локална точка на контакт која ја познава македонската даночна регулатива и практично ја спроведува целата процедура поврзана со ДДВ регистрацијата и тековното даночно известување.

Услугата може да опфати:

иницијална анализа на деловниот модел → оформување документација → добивање ЕДБ → ДДВ регистрација → тековна ДДВ усогласеност → поднесување пријави → организација на плаќањето → комуникација со даночниот орган.

Обемот на услугата се определува индивидуално зависно од видот на прометот, бројот на трансакции и потребите на странскиот даночен обврзник.

Цена на ангажманот

Цената на ангажманот зависи од обемот и износот на B2C трансакции во Македонија а почнува од 200 евра месечно. Постапката за регистрација зависи од сопственичката структура на клиентот и почнува од 1.200 евра.

За сите ангажмани неопходно е постоење на банкарска гаранција или чување на депозит, најмалку во висина од една годишна проектирана обврска за ДДВ во Македонија.

Закажете консултација

Поради специфичноста на секој деловен модел и потребата најнапред да се утврди дали и во кој обем постои обврска за регистрација и даночно застапување, услугата се дефинира по иницијален разговор.

Закажете консултација на:

konto@profit.mk