Планирањето на поголема инвестиција не завршува со одлуката што и колку ќе се инвестира. Потребно е навреме да се разгледаат структурата на проектот, начинот на финансирање, оправданите инвестициски трошоци, динамиката на реализација и можностите за користење на расположливите форми на државна поддршка.
Конто Профит обезбедува стручна поддршка при планирање, анализа и операционализација на инвестициски проекти, вклучително и проекти на корисници на технолошко-индустриски развојни зони и проекти за кои се разгледува финансиска поддршка согласно домашната регулатива.
Што опфаќа услугата?
Зависно од фазата во која се наоѓа проектот, ангажманот може да опфати:
- иницијална анализа на инвестициската идеја и структурата на проектот;
- идентификација на потенцијално применливи форми на државна поддршка;
- анализа на условите кои треба да ги исполни инвеститорот;
- анализа и класификација на планираните инвестициски трошоци;
- планирање на динамиката на инвестицијата и изворите на финансирање;
- финансиски проекции и анализа на ефектите од инвестицијата;
- подготовка и организација на податоци и документација потребни во постапката;
- следење на реализацијата во однос на преземените договорни обврски;
- анализа на финансиски, сметководствени и даночни импликации поврзани со користењето на поддршката;
- поддршка при годишно документирање и следење на реализираните оправдани трошоци;
- координација на финансиските и сметководствените аспекти на проектот со останатите правни, технички и оперативни активности.
Корисници на ТИРЗ
Кај инвестициите во технолошко-индустриските развојни зони, посебно внимание се посветува на условите под кои се реализира инвестицијата, договорите за доделување државна помош, оправданите инвестициски трошоци, даночните ослободувања и исполнувањето на преземените обврски.
Финансиска поддршка на инвестиции
Законот за финансиска поддршка на инвестиции предвидува повеќе форми на поддршка, меѓу кои поддршка поврзана со нови вработувања, технолошки развој и истражување, инвестициски проекти од значаен економски интерес, пораст на капиталните инвестиции и приходите и други форми утврдени со закон.
Пред започнување на постапката е важно да се утврди дали конкретниот деловен субјект и планираниот инвестициски проект ги исполнуваат релевантните услови и кои трошоци можат да бидат третирани како оправдани инвестициски трошоци.
Исто толку важно е проектот да се следи и по одобрувањето на поддршката, затоа што користењето државна помош најчесто е поврзано со обврски за реализација и одржување на инвестицијата, работните места и другите преземени параметри во определен период.
Закажете консултација
Секој инвестициски проект има различна структура, обем и фаза на реализација, поради што услугата се дефинира индивидуално по иницијален разговор со инвеститорот.
Закажете консултација на:
konto@profit.mk







