✅ На наше големо задоволство во соработка со најголемите експерти од областа на јавните набавки во Македонија организираме еднодневна работилница на тема „Предизвиците во јавните набавки – практични искуства и најдобри практики“!
Искористете ја оваа можност за учество на работилницата на која ќе бидат презентирани најдобри практики при примената на законските одредби и ќе бидат споделени практични искуства од конкретни проблематични ситуации и начинот на кои истите биле решени во согласност со закон!
Работилница на тема „Предизвиците во јавните набавки – практични искуства и најдобри практики“
Обуката ќе биде поделена во неколку сесии од по 60-90 минути. За време на сесиите поттикнуваме континуирана интеракција и оставаме простор за прашања по секоја сесија. Измеѓу втората и третата сесија ќе направиме куса кафе пауза (вклучено во цената за учество на обуката).
Теми и агенда
Регистрација на учесници, подигање на принтани материјали, 8:45 – 9:00
Сесија 1: Права и обврски на учесниците во постапките за јавни набавки од аспект на избегнување на најчести грешки, 9:00-10:30;
Сесија 2: Прифатлива понуда – од гледна точка на договорните органи и економските оператори, 10:30-12:00;
Во втората сесија конкретно ќе се осврнеме на следните теми:
- Која е содржината на тендерската документација?
- Како да се прибере потребната документација?
- Како да се користат дигиталните сертификати?
- Корисни совети за економските оператори;
Кафе пауза ☕, 12:00-12:30;
Сесија 3: Групна понуда, поддршка од друг субјект и подизведувачи, 12:30-13:30;
Во третата сесија конкретно ќе се осврнеме на следните теми:
- Зошто се користат?
- Кои се предности и слабости на групната понуда, подизведувањето и поддршката од други субјекти?
- Која е разликата помеѓу подизведувач и користење способност од друг субјект?
- Како се докажува способноста во секој од овие случаи?
- На што да се внимава при составување на договорот за групна понуда?
Сесија 4: Најчести повреди при спроведувањето на постапките за јавни утврдени во постапката на правна заштита, 13:30-14:30;
Во четвртата сесија конкретно ќе се осврнеме на следните теми:
- Неусогласеност на податоците во огласот и тендерската документација;
- Најчести слабости при евалуација на понудите;
- Пропуст за одговарање на прашањата поставени од економските оператори;
- Најчести жалбени наводи во однос на невообичаено ниски цени групни понуди и подизведувачи;
Сесија 5: Управување со договорите за јавни набавки, 14:30-15:15;
Во петтата сесија конкретно ќе се осврнеме на следните теми:
- Кои се можностите за анексирање на договорот?
- Како да се документираат причините за измена на договорот?
- Дали вишата сила и променетите околности може да доведат до престанок или пак до измена на договорите за јавни набавки?
- Промена на технологиите како причина за анексирање на договорите;
Завршни коментари, заклучни согледувања и сумирање на впечатоци, 15:15-15:30.
Предавачи
м-р Александар Аргировски и м-р Рита Глигоријевска, како врни експерти од областа со огромно искуство во работа во Бирото за јавни набавки (БЈН) при носење и практична примена на релевантната законска регулатива.
Термин и локација
6.6.2024 (четврток), Хотел Double Tree Hilton (бул. АСНОМ 17, на кеј на Вардар во Аеродром).
Цена
Цената за учество на семинарот, со вклучени принтани материјали изнесува:
За уплата заклучно со 31.5.2024 (петок): 4.500 денари + 18% ДДВ по учесник (💥актуелна понуда💥);- За уплата по 31.5.2024: 5.500 денари + 18% ДДВ за прв и 4.900 денари + 18% ДДВ за секој нареден учесник пријавен од исто правно лице.
Доколку сакате директно да извршите уплата истото можете да го сторите користејќи ги следните податоци:
- Примач: Конто Профит ДООЕЛ Скопје
- Адреса: Бул. Ј. Сандански 79а, локал 10, Скопје
- ЕДБ: МК4030002446740
- Трансакциски сметки:
- 300-0000014524-17, Комерцијална Банка АД Скопје;
- 210-0560987901-48, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје.
- Цел на дознака: Семинар ЈН за *Име на лице*.
За повеќе инфо контактирајте не на [email protected] или на еден од телефоните 02 609 1551 или 070 22 11 65.