вторник, јули 14, 2020
Почетна » Услуги » Вештачења

Вештачења

Конто Профит ви нуди вештачења од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење.

М-р Благоја Грозданов, покрај лиценцата за овластен сметководител, како магистер од релевантната област, поседува и лиценца за судски вештак од областа на материјалното, сметководствено и финансиско работење (лиценца број 08-4273/2).

Илиќ Ивана, покрај лиценцата за овластен сметководител, како магистер од релевантната област, поседува и лиценца за судски вештак од областа на материјалното, сметководствено и финансиско работење (лиценца број 08-5179/2).

Истовремено, решение на Основниот Суд – Скопје II 04-Су. 1532/2009 Конто Профит ДОО Скопје е именувано за овластен судски вештак во областа на сметководството. Со оваа одлука ние сме овластени да Ви помогнеме во оценувањето на валидноста и релевантноста на Вашата финансиско-сметководствена евиденција.

Во целата постапка секогаш одржуваме континуирана комуникација со клиентите и нивните правни застапници како би дошле до најквалитетен, издржан, релевантен и веродостоен наод, 

За нашите наоди гарантираме со печат и секако со искуството и експертизата кои Ви стојат на располагање.