Стручното вештачење претставува независна анализа на факти, документација, сметководствени евиденции и финансиски податоци, со цел од стручен аспект да се утврдат околности релевантни за конкретна судска, предсудска или друга постапка.
Конто Профит обезбедува стручни вештачења од областа на економското, финансиското, материјалното и сметководственото работење, изработени врз основа на расположливата документација и јасно дефинирани прашања или предмет на анализа.
Што може да биде предмет на вештачење?
Во зависност од конкретниот случај, ангажманот може да опфати:
- анализа на фактури, договори, испратници и друга деловна документација;
- утврдување и усогласување на побарувања и обврски;
- утврдување на висина на надоместоци поврзани со работни односи;
- анализа на аналитички картички, главни книги, бруто биланси и други сметководствени евиденции;
- споредба на евидентиран промет со банкарски уплати и други финансиски текови;
- утврдување на фактичката состојба врз основа на расположливи докази;
- пресметки на главница, камати, финансиски разлики и други релевантни износи;
- анализа на даночни и сметководствени аспекти на конкретни трансакции;
- анализа на сложени деловни односи, трансфери, позајмици, цесии и други финансиски трансакции;
- стручна анализа во рамки на граѓански, стопански и кривични постапки.
Обемот на секое вештачење се определува индивидуално, зависно од поставените прашања, видот и количината на документацијата и сложеноста на предметот.
Како изгледа ангажманот?
По иницијален увид во предметот се дефинираат прашањата кои треба да бидат анализирани и документацијата која е потребна за изработка на наодот.
Следува систематизација и проверка на доказниот материјал, изработка на потребните сметководствени и финансиски анализи и, кога е потребно, детални пресметки и усогласувања.
Крајниот резултат е писмен вешт наод и мислење, во кој се презентираат користениот доказен материјал, применетиот метод на анализа, утврдената фактичка состојба и стручното мислење.
Кај комплексните предмети, особено оние со обемна документација или со повеќе меѓусебно поврзани финансиски и даночни прашања, може да бидат потребни дополнителни аналитички постапки, обработка на голем број трансакции, реконструкција на финансиски текови и дополнителни пресметки.
Цена на услугата
Цената се утврдува зависно од предметот на вештачењето, обемот на документацијата, бројот и сложеноста на поставените прашања и потребните дополнителни анализи.
Наједноставните вештачења започнуваат од 9.000 денари + 18% ДДВ.
Дополнителните анализи кај комплексни вештачења, особено во кривични постапки и предмети со обемна документација, се тарифираат посебно, по претходно утврден обем на работа.
Побарајте понуда
За првичен увид во предметот и проценка на обемот на ангажманот можете да нè контактирате на:







