Последно КПУ во 2023 во организација на Конто Профит

0
2658

Ова последно КПУ за 2023 ќе го спроведеме како еднодневна обука со Online следење. Овој семинар ќе носи 8 часа за КПУ во 2023 година.

💻Начин на следење

Online. Присуството ќе се овозможи преку Skype и дополнително преку YouTube stream, со обезбедена снимка за последователно повторување на материјата. Упатство за приклучување ќе добијат сите пријавени.

📰Теми и агенда *

  1. МСС 2 и Оддел 13 од МСФИ за МСЕ – залихи: сметководствен третман во трговија и производство;
  2. Спроведување на попис:
    • Законско нормирање;
    • Формирање на комисии и утврдување на фактичка состојба (кусоци / вишоци);
    • Усогласување на сметководствена со фактичка состојба;
    • Даночен третман на утврдени отстапувања на фактичка од сметководствена состојба од аспект на ЗДДВ, ЗДЛД и ЗДД;
  3. Растур, кало, крш и расипување:
    • Нормативно законско уредување;
    • Документирање;
    • Даночен третман од аспект на ЗДДВ, ЗДЛД и ЗДД;
    • Сметководствен третман;
  4. Дерегистрација од системот на ДДВ;
  5. Практична примена на даночни стапки за ДДВ во светло на последните измени во Одлуката за примена на повластена даночна стапка (5% / 10%);
  6. Место на услуги од аспект на ЗДДВ од 1.1.2024 со практични примери;
  7. Воведување на концептот на „даночен застапник“ во ЗДДВ за странски друштва кои вршат промет во Македонија од 1.1.2024;
  8. Новогодишен надоместок и подароци: нормативен, даночен и сметководствен третман.

* Го задржуваме правото на менување на агендата во случај на значајни законски измени кои би се случиле до денот на одржување на обуката.

💶Цена

Цената изнесува вкупно 2.000 денари + 18% ДДВ, односно вкупно 2.360 денари по слушател за еднодневната обука. Уплатата се врши на една од нашите трансакциски сметки, по пополнета и испратена пријава за посета на обуката на формуларот подолу и по издадена фактура од наша страна.

📝Формулар за пријава (најдоцна до 19.12.2023)

    Име и презиме (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Број на уверение (ако пријавувате повеќе лица одделете ги со запирка):

    Работодавач:

    Фактурата да гласи на (доколку станува збор за правно лице или ТП наведете и ЕДБ):

    E-Mail:

    Мобилен телефон: