Одложени роковите за поднесок и плаќање на ДДВ пријавите во периодот на вонредната состојба

0
1029

Владата донесе нова Уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за ДДВ за време на вонредната состојба. Истата е објавена во Службен весник број 108 од 24.4.2020.

Со уредбата се пролонгираат следните рокови за поднесок на „ДДВ-04“ и плаќање на ДДВ:

  • Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на образецот ,,ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 февруари 2020 до 29 февруари 2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 30 април 2020 година.
  • Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на образецот ,,ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 март 2020 до 31 март 2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 30 април 2020 година.
  • Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на образецот ,,ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 јануари 2020 до 31 март 2020 година се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 30 април 2020 година.
  • Рокот за поднесување на даночната пријава на данокот на додадена вредност која се поднесува на образецот ,,ДДВ-04“ и за плаќање на данокот на додадена вредност за даночниот период од 1 април 2020 до 30 април 2020 се одложува за време на траењето на вонредната состојба до 31 мај 2020 година.