Финансиска контрола и анализа на финансиски извештаи
За сите оние кои веќе „ја знаат азбуката“, односно ја имаат позадината во сметководствено работење, а сакаат да научат како да „ги читаат“ извештаите на претпријатијата нудиме куси семинари на кои ќе се посветиме на тоа како да ги преработиме податоците од финансиските извештаи и од нив да дојдеме до клучните индикатори за финансиското „здравје“ на фирмата.
Графикони, пити, коефициенти, пресметки низ призмата на реални примери: анализа на бруто биланс и заклучен лист од реална сметководствена евиденција!
Финансискиот менаџмент се занимава со креирање на вредност за сопствениците на деловните ентитети – тоа е можно само со носење на правилни деловни одлуки. База за сите одлуки претставуваат податоците во сметководствените извештаи на претпријатието.
Добар финансиски аналитичар треба да е во можност да даде одговор на следните прашања:
- Кои активности генерираат готовина за претпријатието?
- Каде се троши готовината?
- Дали претпријатието е ликвидно?
- Дали има потреба од дополнително задолжување?
- Дали може навремено да се исплатат обврските од добавувачите?
- Каков е односот помеѓу наплатата на побарувањата и исплатата на обврските?
- Колку долго во текот на годината готовината ни е врзана во залихи?
- Колкав процент од средствата на претпријатието се обезбедени од сопствениците а колкав од кредиторите?
- Кој е приносот кој го остварува фирмата од своите средства?
- Кој е приносот кој фирмата го остварува на влогот на сопствени
ците? - Дали остварените приноси се доволни?
- Колкав принос може да се оствари преку други пласмани?
- Кои трошоци може да бидат елиминирани?
- Дали бизнисот е профитабилен?
- Дали профитабилноста или загубата се резултат на активности поврзани со основната дејност на бизнисот или се резултат на вонредни активности?
- Помеѓу кои показатели постои корелираност?
- Кои фактори влијаат врз дадените клучни индикатори за успехот во работата на претпријатието?
- Дали поединечните категории во билансните шеми на претпријатието се стабилни, се зголемуваат и намалуваат во однос на некоја базна година?
- Колкаво е, а колкаво треба да е учеството на залихите/побарувањата/парите/основните средства во вкупните средства и на задолжувањето во вкупните извори (хоризонтална и вертикална анализа)?
Со анализа на финаниските извештаи може да дојдеме до клучни информации кои ќе ни помогнат да го унапредиме бизнисот.
Обуките вклучуваат и принтан прирачник од 80 страници и опфаќаат и кус tutorial за употреба на MS Excel како алатка за финансиска и статистичка анализа.
Обуките ги изведува М-р Благоја Грозданов, магистер по економски науки од областа на сметководството и ревизијата, со поле на особен научен интерес во финансиите и оптимизацијата на структурата на изворите на финансирање.
Планирано е материјата да се апсолвира во една или две недели со одржување на 3-5 блок-часови. Термините се флексибилни и во договор со слушателите.