Почетна » Обуки » Практично сметководство

Обука за практично сметководство

Единствен метод на обука за практично водење сметководство во нашиот центар за обука на сметководители. потпрете се на нашето дваесетгодишно искуство!

Поставете ги темелите на Вашето знаење

Не, не. Нема место за дилема, ниту за загриженост. Наша обврска е практично да Ве обучиме за да Ви го дадеме темелот на кој ќе можете да градите кариера како сметководител, ревизор, аналитичар, финансиски работник, деловен административец или да отпочнете сопствен бизнис или да се здобиете со поголема контрола врз постојниот бизнис како претприемач или сопственик на трговско друштво.

Од Вас бараме желба, малку труд и многу љубов кон оваа интелектуална дејност, како Ваша евентуално идна професија. Конто Профит е специјализиран центар со многугодишно искуство за практична обука на лица за водење сметководство. Лицата обучени во нашиот центар, веќе работат во мали, средни и големи трговски друштва, банки и т.н.

Obuki-prakticno-esen2019-6
Obuki-prakticno-esen2019-monitor

Секој може да научи

Во структурата на лицата кои се обучувале во нашиот центар учествувале од студенти од областа на бизнисот и економијата, преку дипломирани економисти, луѓе од разновидни смерови ССС, па до лекари и агрономи. Наша девиза е да создадеме сметководител од секој поединец кој има љубов кон оваа професија и со должно внимание ќе ја следи и ќе ги извршува програмските задачи од обуката. Овој концепт на обука го усовршуваме веќе 20 години наназад, почнувајќи од далечната 1994 година.

Целта на нашите обуки е по успешно завршување на истите слушателите да се способни самостојно да може да се впуштат во водите на сметководството.

Кои се целите на обуката?

Главни цели на оваа обука се да разберете кои субјекти се обврзници за сметководствена евиденција, од каде произлегува таа обврска, да ја разберете даночната регулатива релевантна за сметководственото евидентирање на настаните и да разберете како се евидентираат основните оперативни настани кај едно просечно македонско трговско друштво (од почетно евидентирање на основачки влог, набавки на основни средства, пресметка на амортизација, евиденција на трошочни ф-ри, евиденција на настани во трговија на големо и мало, материјално сметководство, увоз, пресметка и евиденција на плата, периодична пресметка, поднесок и евиденција на ДДВ пријава па се до подготовка и поднесок на годишна сметка).

Obuki-prakticno-esen2019-4

Цени и плаќање

Цената на обуката зависи од тоа кога се врши уплатата: во промотивниот период за уплата кој се објавува на социјалните медиуми (до околу 60 дена пред почетокот со обуката цената е 11.500 денари, во фазата на упис цената е 12.500 денари, за уплата непосредно пред почетокот на обуката цената е 13.500 денари, додека за уплата првите неколку часа по почетокот на обуката цената е 15.000 денари). За сите варијанти можна е и уплата на рати.

Времетраење, интензитет, групи и термини

Времетраењето на обуката е 10 недели, интензитетот на предавање е две предавања неделно а едно предавање трае помеѓу 90 и 120 минути. Слушателите се организираат во разни групи во термини од 14:00, 16:00 или 18:00 (термините се флексибилни и слушателите може да ги ротираат групите зависно од тоа кои термини им одговараат во даден момент). Оние слушатели кои повеќе сакаат да ги слушаат предавањата Online, ќе добијат соодветни инструкции за далечинско следење на наставата додека останатите може да присуствуваат физички (хибриден модел).

Обуките се организираат два пати во годината во пролетен циклус кој почнува од март и есенски циклус кој почнува од октомври.

obuka-practicno-esen2019-2

Зошто велиме дека обуката е практична?

Обуката се реализра со копии од оригинални финасиски документи кои биле предмет на книговодствена и сметководствена обработка, пресметки на сите видови даноци, придонеси и друг вид давачки и обврски кон државата.

Со извршена уплата слушателот добива прирачник за изведување на обуката, кој содржи околу 200 страни долг, од кои на 130 страни се обработени предавањата од обуката а останатите 70 страни содржат работни материјали (реални финансиски документи) и вежби за проверки на знаењето.

Што се опфаќа обуката?

Во текот на обуката се подготвуваат скоро сите видови документи кои се предмет на финансиското и материјалното сметководство и се прават разни даночни пресметки:

  • пресметки со користење на пропишани и пресметани даночни стапки кај ДДВ и данокот на личен доход;
  • пресметка на даночна основа и на обврски за аконтации кај данок на личен доход по разни основи;
  • разгледување на данокот на добивка и непризнатите расходи од разни аспекти, утврдување на даночна основа и пресметка на обврска за данок и аконтации за данок, олеснетиот даночен режим и данокот на вкупен приход;
  • евиденција на банкови изводи од денарска трансакциска сметка;
  • евиденција на земени и вратени кредити;
  • конструкција на излезни фактури;
  • евиденција на трошочни фактури;
  • евиденција на основни средства и пресметка на амортизација;
  • евиденција на набавки и продажби на залихи на трговски стоки, материјално сметководство и методи за вреднување на залихи: просечни пондерирани цени, ФИФО, метод на малопродажба;
  • евиденција на трговска книга (ЕТ), приемен лист во трговија на мало (ПЛТ) и периодичен финансиски извештај од фискална каса;
  • пресметка на периодична обврска или побарување од данок на додадена вредност (ДДВ) и составување на ддв пријава (со вклучен преглед на поднесувањето на ддв пријави во системот за електонски даноци на УЈП);
  • пресметки на плати, надоместоци за вработените, нивен даночен ттретман и нивна сметководствена евиденција;
  • благајнички извештаи и последователни операции во зависност од инпут-аутпут на готовите пари;
  • пресметка на реализирана разлика во цена (реализирана маржа во малопродажба);
  • видови на безготовинско плаќања (подмирување на должничко-доверителни односи преку цесија и компензација);
  • девизно работење, увозни калкулации (калкулации за вредноста на увезени стоки), курсни разлики;
  • меѓународен транспорт на патници и стоки – сметководствен и даночен третман;
  • подготовка на ДДВ пријава;
  • распоред на приходи, расходи и трошоци;
  • периодични извештаи (завршни пресметки за утврдување на резултатите од работењето, биланс на успех, биланс на состојба).

Методологија на спроведување на обуката

Се започнува со осврт на Законот за трговски друштва (ЗТД) и релевантната даночна регулатива (данокот на добивка со непризнатите расходи, данокот на личен доход и данокот на додадена вредност) и со обучување на слушателите за формите на правни лица и физички лица обврзани за разни форми на евиденција.

Посебен акцент се става на дефинирањето на основните поими како релевантен и веродостоен сметководствен документ, класа, група, синтетичка и аналитичка сметка, биланс на состојба и биланс на успех и сл.

Обуката вклучува и кус осврт на Законот за сметководство на буџети и Законот за сметководство на непрофитните организации и главните разлики помеѓу сметководството кај ТД и кај НПО и државните органи. Тука се прави разлика меѓу сметководството на пресметковна основа и на готовинска основа.

Обуката продолжува со тоа што секој слушател после првите фази од обуката, се посветува на евиденција на документите во една замислена пресметковна година , ги прави потребните пресметки на плати, даноци, обврки за придонеси, ги книжи банковите изводи, влезните и излезните фактури за трошоци, основни средства, трговски стоки, врши пресметка на амортизација на опремата, врши распоред на трошоците односно утврдување на резултати од работење, добивка или загуба и утврдување на даночна основа за пресметка на обврска за данок од добивка. Практичната обука завршува со пресметка на резултатот од работењето и склопување на билансните шеми, биланс на успех, даночен биланс и биланс на состојба.

ОБУКАТА СЕ ИЗВЕДУВА РАЧНО, НА КЛАСИЧНИ Т-СМЕТКИ И НА АПЛИКАТИВЕН КОМПЈУТЕРСКИ СОФТВЕР (програм за сметководствено работење). Ние велиме: ,,прво учиме да одиме пешки, а потоа да возиме автомобил,.,

Blagoja_Grozdanov

Предавачи

Обуката е осмислена од основачот на Конто Профит, г-инот Ангелко Грозданов, во 1994 години и оттогаш тој истата ја спроведува се до 2013 година. Во последните години во обуката ја реализира Благоја Грозданов, магистер од областа на сметководството и ревизијата, коавтор на книгата Прирачник за практично сметководство, заедно со Ангелко Грозданов и автор на книгите „Напредно сметководство: практична обука“, „Прирачник за применета финансиска анализа“ и „Тестирање на теориите за оптимализација на структурата на изворите на финансирање - анализа на состојбите во Р. Македонија“.