3 прирачници, 3 месеци, 3 обуки
Пакет обуки: Практично сметководство, Напредно сметководство и Финансиска анализа по НЕВЕРОЈАТНА ЦЕНА од 19.500 денари!
БИДЕТЕ КОМПЛЕТНО ОБУЧЕНИ:
- сметководствена евиденција на секојдневни настани (влезно-излезна документација кај друштва кои се бават со давање на услуги, трговија на големо и мало, од основање на фирма па до поднесок на биланс на состојба и на успех) и специфични настани (капитални добивки и загуби од продажба на основни средства, растур, кало, крш и расипување, кусоци, производство, плански цени, градежништво, лизинг и сл.),
- придружни административни работи: материјално сметководство, пресметки на плати, евиденциски обврски,
- осврт на даночната регулатива и релевантните даночни извештаи (данок на личен доход и спецификите на прогресивното оданочување, данок на добивка и пресметка на даночна основа со непризнати расходи, пресметка на обврска за данок и месечна аконтација за данок, можност за намалување на даночната основа како на пример преку реинвестирање на добивка, ДДВ со сите негови карактеристики (даночните ослободувања во член 23 и 24, местото на прометот и член 14, пренесувањето на даночната обврска преку reverse charge механизмот и член 32-а итн.), поднесок на даночен биланс за данок на добивка, даночен биланс на вкупен приход и на ДДВ-04 пријава),
- предглед на законската рамка поврзана со Законите за трговски друштва, Законот за трговија, Законот за работни односи, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за минимална плата како и
- употреба на Ексел како алатка за анализа на финансиски извештаи преку практични примери!
Пакет од две обуки
Искомбинирајте ге обуките за Практично сметководство, Напредно сметководство и Финансиска анализа согласно Вашите потреби
Направете комбинација која одговара на Вашите потреби
- Пакет 1: Практично сметководство и Напредно сметководство за 17.000 денари;
- Пакет 2: Практично сметководство и Финансиска анализа за 16.000 денари;
- Пакет 3: Напредно сметководство и Финансиска анализа за 12.000 денари.
Индивидуални часовиВаши термини, Ваши прашања, Ваша обука
За сите оние на кои им се брза, не скаат да работат во групи или имаат специфични прашања нудиме индивидуални обуки! Цената за пакетот од три обуки во индивидуални термини е 61.500 денари.