Напредно сметководство
За сите оние кои сакаат да нурнат подлабоко во водите на сметководството!
- Предавач: Благоја Грозданов, магистар од областа на сметководството и ревизијата.
- Обуката вклучува и прирачник од 200+ страници со голем број на реални примери.
По завршување на обуката треба да знаете да ги третирате следниве настани од сметководсрвен и даночен аспект:
- Продажба на основни средства (со искажување на капитална загуба или капитална добивка);
- Расходување на основни средства и даночен третман на расходувањето;
- Обезвреднување на основни средства и даночен третман на обезвреднувањето;
- Ревалоризација на основни средства и даночен третман на ревалоризацијата;
- Евиденција на залиха кај ТД кои се бават со трговија на мало и големо, евиденција кај „виртуелни“ продавници;
- Евиденција на залиха под набавна вредност, по нето реализацина вредност;
- Евиденција кај комисиони договори;
- Алокација на производствени трошоци во поединечни артикли готов производ;
- Евиденција на производство по планска цена и утврдување на резултатот од работењето кај производствени фирми;
- Евиденција на растур, кало, крш и расипување наспроти класични кусоци утврдени по попис и даночен третман на овие настани;
- Постоење на услови за промена на даночна основа за ДДВ: финансиско одобрение и одобрение;
- Отпис на побарувања наспроти исправка на вредност на побарувања: нормативни, сметководствени и даночни импликации;
- Утврдување на резултат од работењето и даночна основа за данок на добивка: покомплицирани пресметки (реинвестирана добивка, платени аконтации, непризнати расходи, наплатени а претходно оданочени побарувања, донации во спортот (ваучери и донации во организации од јавен интерес);
- Исплати на дивиденди: нормативни и даночни аспекти и сметководствена евиденција;
- Евиденција на настани кај градежни компании;
- Евиденција по член 32-а од ЗДДВ и даночно известување поврзано со овој член;
- Евиденција на приходи кај повеќегодишни договори за изградба;
- Третман на настани врзани со член 14 од ЗДДВ;
- Префактурирање на трошоци кај оперативен лизинг (наем);
- Евиденција кај финансиски лизинг;
- Физички лица во системот на ДДВ;
- Евиденција на разни настани кај непрофитни организации (набавка на опрема, земен и вратен заем, евиденција на амортизација, евиденција на трошочни ф-ри и сл.) и други ситуации.