Почетна » Обуки » Континуирано Професионално Усовршување

Континуирано Професионално Усовршување за сметководители и овластени сметководители

КПУ во Конто Профит!

Проверете како КПУ може да биде и поинакво: интеракција, дискусија, прашања, вмрежувања и многу повеќе!

KPU-4-2019-hotel-porta-blagoja

Акредитација за КПУ

Со задоволство Ве известуваме дека КОНТО ПРОФИТ ДООЕЛ Скопје ги исполни условите за организација и одржување на обуки за КПУ за сметководители и овластени сметководители.

Би ни причинило огромна чест и задоволство доколку се решите дел од овие часови да ги слушате токму со нас! Доколку сакате да се пријавите за некоја конкретна КПУ обука која ја организираме Ве молиме пополнете го овој формулар.

Најава за обуки за КПУ

На страницата за Најави за настани и обуки ќе најдете термини, места, програма, агенда и план за одржување на обуки.

Вообичаено во текот на годината одржуваме 5 КПУ обуки од кои: една во периодот од 25.1 до 31.3, една во периодот 1.4 до 20.6, две во периодот 1.9 до 30.11 и една со ограничен број на места меѓу 15.12 и 29.12.

KPU-4-2019-hotel-porta-3
KPU-4-2019-hotel-porta-2

Што треба да знаете за нашите обуки?

Сметководството е интердисциплинарно па затоа сметаме дека е од големо значење да се обезбеди и можност за размена на искуства со припадници на останати сродни интелектуални професии. Затоа, предавачи на нашите обуки ќе бидат колеги лиценцирани овластени сметководители но и ревизори, адвокати, проценители, вешти лица, банкарски работници, административци и сл., кои ќе пренесат дел од нивните знаења и секојдневни искуства.

Секогаш за време на обуките поттикнуваме дебата, дискусија и размена на мислења, ставови и искуства меѓу присутните. Темите кои ќе ги обработиме мора да се во согласност со Годишната програма за КПУ, но би сакале секогаш да бидеме флексибилни и да оставиме простор за прашања во рамки на програмата.

Обуките се еднодневни и носат 8 поени (8 часа) во насока на исполнување на Вашите обврски за КПУ. Еден час трае 40 минути, што значи ефективно траат 320 минути, со паузи измеѓу секој блок час (генерално, по 80 минутно предавање следат околу 15 минути пауза).

KPU-4-2019-clip
KPU-4-2019-hotel-porta

Плаќање

За да се пријавите треба да уплатите 2.000 денари + 18% ДДВ надомест, односно 2.360 денари за секое лице кое ќе присуствува на обуката. Сметки за уплата:

>>> 300-0000014524-17 (Комерцијална) и
>>> 210-0560987901-48 (НЛБ).

Во цел на дознака Ве молиме наведете име и презиме, број на уверение за сметководител или овластен сметководител и град во кој ќе присуствувате (пример: Миле Милевски, 123456, Скопје).

Ве молиме пред да извршите уплата пополнете го овој формулар. За повеќе инфо контактирајте не на [email protected] или на еден од телефоните 02 609 1551 или 070 22 11 65.

Ве очекуваме!