За кого се наменети обуките?
Во денешно време, клуч за успехот на секој поединец е способноста континуирано да се учи. Затоа, секој оној кој сака да се надградува со нови знаења е добредојден во нашиот тренинг центар.
Најважното нешто што може да го научите од нас е тоа како да размислувате и како да ги применувате сите расположливи ресурси за да стигнете до решението на даден проблем.
Нашите обуки се интерактивни и по нивното апсолвирање активно го поттикнуваме вмрежувањето на нашите слушатели. За остварување на оваа цел и по завршувањето на обуките организираме семинари и средби на кои ги запознаваме нашите слушатели со сите законски промени, нови сметководствени стадарди, нови искуства и сознанија, но и разменуваме мислења и ставови со нашите слушатели и го поттикнуваме процесот на комуникација помеѓу самите слушатели.
Убедени сме дека процесот на учење е можен само со взаемна комуникација со слушатели и нивно активно вклучување во наставата – преку коментари, прашања, лични искуства или споделување на знаења и мислења поврзани со темата. На семинарите се добредојдени сите слушатели кои сакаат да одржуваат контакт со нас, но и да се вмрежат со слушатели од други генерации заради остварување на деловни контакти и можности за деловна соработка.
За кого се наменети обуките за практично сметководство?
- Млади економисти – сите оние кои имаат завршено средно економско училиште или економски факултет. Сметководството е нервен систем на една економија. Без разлика дали планирате кариера како даночен консултант, аналитичар, сметководител или ревизор, секој економист мора да има, во најмала рака основни познавања од оваа област;
- Претприемачи, управител, сопственици на бизниси – сметководството е азбука која мора да ја познава секој оној кој управува со сопствена или туѓа фирма, или има удел во некоја компанија;
- Секој оној кој планира да работи административна работа. Без разлика дали станува збор за приватна фирма, невладина организација или државен апарат, материјално или финансиско сметководство или деловна администрација: секаде се потребни базични познавања од областа на сметководството. Освен тоа, со оваа обука се стекнувате и со основни познавања поврзани со трговското право (Законот за трговски друштва) и со даночната регулатива на Р. Македонија (Законите за Данок на додадена вредност (ДДВ), Данокот на личен доход (ДЛД) и Данок на добивка (ДД)).
За кого се наменети обуките за напредно сметководство?
- Оние кои планираат кариера во сметководство, ревизија или даночно-финансиската контрола;
- Одговорни финансиски директори во поголеми претпријатија (производство, градежништво и сл.).
За кого се наменети обуките за финансиска анализа?
- Идеални се за оние кои сакаат да одржат поголемо ниво на контрола над својот бизнис: претприемачи, управител, сопственици на бизниси. Сметководствените податоци се само основа за анализа при деловното одлучување. Тие мора да бидат обработени така што ќе го олеснат процесот на деловно одлучување;
- Сите оние коишто работат на работни места поврзани со сметководство и финансии, без разлика на секторот во кој се вработени (трговија, услуги, производство, градежништво итн.);
- Секој оној кој планира да работи во брокерска куќа, банка, сметководствено-ревизорска куќа, секој оној кој планира да дава услуги поврзани со финансиски консалтинг или да работи во каква било финансиска институција.