Какви обуки нудиме?
Практично сметководство
На сметководствениот оддел на Вашата фирма или можеби лично Вам Ви се потребни знаења од областа на сметководството, финансиите и даночниот систем? Евиденција на настани од основање на фирма до годишна сметка. Основни сметководствени знаења се неопходни за секој иден финансиски работник, претприемач, административец, сопственик на бизнис...
Напредно сметководство
За сите оние кои сакаат подетално да се запознаат со конкретни и специфични сметководствени ситуации (производство, градежништво, лизинг, капитални добивки и загуби, покомплицирани даночни пресметки итн.) - напредно сметководство. Обука наменета за професионалци: аналитичари, даночни советници, сметководители и ревизори.
Финансиска анализа и контрола
Планирате кариера во финансиска институција или едноставно сакате да имате зголемена контрол над сопствениот бизнис? Сакате да дознате како се читаат финансиските извештаи? Потребно Ви е знаење од областа на финансиското планирање и анализа на финансиските извештаи! Обука идеална за сметководители, ревизори, кредтни аналитичари и финансиски директори.
Обуки за КПУ
Имате лиценца за сметководител или овластен сметководител и треба да посетувате обуки за КПУ? Проверете зошто нашите обуки се уникатни!