Со пролетниот циклус од обуката за практично сметководство почнуваме од март 2020.
Пријава и детални информации на 070 22 11 65 или на mail: [email protected].
ВЛОЖЕТЕ во себе и СВОЈАТА ИДНИНА: 10-неделна ОБУКА за ПРАКТИЧНО СМЕТКОВОДСТВО!
Обука идеална за секој оној кој сака да научи и да гради кариера во модерниот деловен свет и кој има допир со канцелариски работи – претприемачи, управители, административци, банкарски и финансиски работници, студенти!
- Законот за трговски друштва,
- Законот за вршење на сметководствени работи,
- Кус осврт на Законот за сметководство на непрофитни организации и Законот за сметководство на буџети и буџетски корисници,
- Законот за ДДВ,
- Законот за данок на личен доход (утврдување на даночна основа, концепт на прогресивен данок и рамен данок и пресметка на аконтации и оданочување на некои видови доходи),
- Законот за данок на добивка (утврдување на даночна основа, оданочување на дивиденди, непризнати расходи и вкупни приходи, пресметка на аконтации),
- Запознавање со системите на УЈП (електронско поднесување на даночни пријави),
- Законот за работни односи и Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Времетраењето на обуката е 10 недели, интензитетот на предавање е две предавања неделно а едно предавање трае помеѓу 90 и 120 минути. Слушателите се организираат во разни групи во термини од понеделник до петок од 14:00, 16:00 или 18:00 (термините се флексибилни и слушателите може да ги ротираат групите зависно од тоа кои термини им одговараат во даден момент).
Цената на обуката е 12.500 денари за извршена уплата до 6.3.2020.
Акцентот во нашите обуки е токму на ПРАКТИЧНОТО ЕВИДЕНТИРАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ НАСТАНИ – од основањена трговско друштво, преку даночна регулатива до годишна сметка! За секој настан кој ќе биде евидентиран во текот на обуката слушателите пред себе ќе имаат реален документ.